1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Турска поддршка за Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

На разговорите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган со македонскиот државен врв констатирана е потреба од зајакнување на билатералната економска,културна и научна соработка

Турција е задоволна од статусот на турското малцинство во Македонија и од третманот на Турците во образованието и науката.Од властите во Скопје турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган побара турската заедница која претставува 3 проценти од популацијата,да биде соодветно застапена и во Македонската армија.

Ден по официјалниот старт на преговорите меѓу Турција и ЕУ за полноправно членство,премиерот Ердоган во врска со кипарското прашање порача од Скопје дека очекува здравиот разум да преовлада уште за време на австриското претседавање со Унијата.

Од неговите домаќини,македонскиот премиер Владо Бучковски и претседателот Бранко Црвенковски побара во Македонија да се отвори турски културен центар и центар за реставрација на османлиските споменици.Посака успешни и плодни избори како аирлија за мирот и стабилноста во Македонија и во регионот.На патот кон ЕУ и НАТО Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија и нема да воведе визи за македонските граѓани поради почетокот на преговорите со ЕУ за членство.За време на дводневната посета на Македонија што завршува денеска,се одржа и голем македонско турски бизнис форум.Заклучокот е дека меѓусебните стопански односи се слаби.250 милиони долари троговска размена годишно и стотина милиони долари директни турски инвестиции.Од овие бројки не се задоволни ниту бизнисмените,ниту политичарите:

-Јас сум убеден дека семејствата кои во минатиот век се иселиле од Македонија во Турција,сеуште Македонија ја чувствуваат како своја втора татковина.Ако секој од нив вложел не повеќе од сто долари,би имале повеќе и трговска размена и инвестиции,изјави премиерот Владо Бучковски.

Конкретна зделка не беше договорена,и покрај тоа премиерот Ердоган го придружуваат околу 150 турски бизнисмени.Банката Зират и трговскиот центар Рамстор остануваат едни од поголемите турски инвестиции во Македонија.