1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Турската полиција спречи обид за нов напад

По серијата бомбашки напади, турските власти спречиле нов напад во земјата. Агенцијата Анадолу, јавува дека во Измир е уапсен член на забранетата курдска партија ПКК кој планирал напад во тој пристанишен град на западот на земјата. Во меѓувреме порасна бројот на жртвите во последниот напад во туристичкото место Анталија. Курдските екстремисти ја презедоа одговорноста за нападите и најавија нови. Улрих Пи

Бомбите во Анталија имале огромна разорна моќ

Бомбите во Анталија имале огромна разорна моќ

к јавува за ситуацијата во Турција.

Околу стотина повредени и четири загинати – тоа е билансот на петте бомбашки напади кои од неделата до сега се случија во Турција. Последната бомба одекна синоќа во туристичкото место Анталија. Во детонацијата која се случила некаде меѓу 16 и 17 часот, според турските медиуми загинале четири лица, а над 70 се повредени. Меѓу повредените има и странски туристи, од кои и тројца Германци кои поминале со полесни повреди. Уништени се и голем број куќи. Според информации на полицијата, експлозивната направа била скриена во багажник на мопед кој се користел за разнесување на храна. Само претходната ноќ четири експлозии ја потресоа земјата, три беа во туристичкото градче Мармарис и една во Истанбул. Сите беа подметнати или во корпи за отпад или како оставен пакет. Меѓу повредените во Мармарис има и десетина британски туристи. Една од нив вели:

„Шокирана сум. Би сакала само да знам кој го направи ова и зошто ни го стори нам? Никому не сме му направиле ништо лошо!“.

За нападите во Мармарис и Истанбул одговорноста ја презедоа „Курдските соколи“, крило на забранетата курдистанска работничка партија ПКК. Во писмото им се порачува на сите туристи да одат подалеку од туристичките места во Турција. Се додека лидерот Абдула Оџалан е во затвор, „нашите бомби ќе експлодираат насекаде низ Турција“,стои во објаснувањето на напаѓачите. Курдскиот лидер Оџалан инаку беше уапсен пред седум години. Му беше изречена смртна казна, која потоа е преименувана во казна доживотен затвор.

Изминатата ноќ турските власти успеаа да спречат уште еден напад. Уапсен е член на забранетата курдска партија ПКК кој планирал да активира бомба во градот Измир. Кај него е пронајден и пластичен експлозив. Во врска со нападите во Анталија турската полиција е во потрага по двајца осомничени, за кои се претпоставува дека се членови на „Курдските соколи“.

Целта на милитантните Курди е да ја погодат Турција, онаму каде што е најчуствителна. А во таа земја, туризмот се смета како една од најдоходовните гранки. Само годинава, по минатогодишните терористички напади во Кушадаси, бројот на туристите во однос на лани е намален за 2,2%.

Во меѓувреме нема никаква официјална изјава од турската влада, полицијата или државниот обвинител за нападите.

За сега само се шпекулира дека нападите се поврзани со денешното официјално стапување на должност на новиот шеф на генералштабот во Турција, Јашар Бујканит, кој најави војна против „сепаратистичкиот терор“ на курдските екстремисти.