1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Турската полиција со солзавец и водени топови против демонстрантите

Турската полиција интервенираше денеска (13.02.) во Анкара, каде на протести се собраа околу две илјади луѓе кои бараа ослободување на офицерите осудени за заговор против власта.

Голем број полицајци со солзавец и водени топови ги нападнаа демонстрантите кои се приближуваа до парламентот.

„Овде сме да побараме ослободување на сите патриоти“, изјави за Франс прес, демонстрантката Емина Алтин, која врз себе го носеше турското знаме. „Турција е под јаремот на Реџеп Таип Ердоган“, вели таа и додава дека „сега е во прашање - живот или смрт“.

„Не на заверата“, „Таип крадец“, беа дел од слоганите кои ги извикуваа демонстрантите, собрани на повик на повеќе партии и политички здруженија.

Според агенциските извештаи, најмалку две лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, а полицијата соопшти дека се уапсени 12 лица.

Стотина офицери, вклучувајќи ги тука и поранешниот началник на генералштабот на турската армија, беа осудени на тешки затворски казни поради наводниот заговор против конзервативната влада која е на власт од 2002. година. Откако беше вплеткан во голем корупциските скандал, Ердоган неодамна најави дека се залага за повторно судење за офицерите. До парламентот беше доставен и предлог закон за укинување на специјалните судови пред кои им се судеше на војниците, и префрлање на нивната надлежност пред кривичните судови.