1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Турската компанија ТАВ заинтересирана за македонските аеродроми

Заврши рокот за пријавување на странските компании, заинтересирани да ги земат македонските аеродроми под концесија на 20 години. Учество најавуваа фирми од Германија, Велика Британија и Австрија, но стигна една понуда.

default

Кој ќе ги земе македонските аеродроми?

Ќе добијат ли аеродромите во Скопје и Охрид европски изглед или и натаму ќе наликуваат на несредена автобуска станица некаде во неразвиениот свет? Заврши рокот за пријавување на странските компании кои се заинтересирани да ги земат македонските аеродроми под концесија на 20 години. Наспроти големиот интерес во изминатиот период претседателот на тендерската комисија од министерството за транспорт ја изненади јавноста кога објави.

„До 12 часот денеска во архивата на Министерството за транспорт пристигна една понуда од страна на турската компанија ТАВ“ .

Отсуство на повеќе компании

На тендерот до последен миг учество најавуваа и германски Хохтиф, Аеродроми Виена, и британско француската фирма Егис.

Официјално нема инмформации зошто овие три компании се премислиле и не доставиле понуди, но според извори на Дојче Веле, австриската компанија имала проблем со банкарската гаранција што морала да ја обезбеди за да конкурира за аеродромите, а германски Хохтиф одлучил да се фокусира на аеродромот во Киев, кој во меѓувреме објави дека ќе се нуди под концесија.

Во игра остануваат турските инвеститори, чија овбрска е изградба на комплетно нов аеродром во Скопје, реконструкција на охридскиот и изградба на карго аеродром во Штип.

Инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра. За возврат, турски ТАВ ќе стопанисува со аеродромите 20 години.

Компанија со големо искуство

Главниот менаџер на оваа голема турска градежна компанија, кој е во Скопје, рече дека добивањето на аеодромите во Македонија е многу важен проект во нивната деловна стратегија.

„Ако го анализирате проектот, ќе видите дека станува збор за многу тежок проект, бидејќи инвестицијата е 200 милиони евра, а бројот на патници годишно е само 680 000 илјади.

Но, ако верувате во иднината на оваа земја, тогаш вреди да се борите за тендерот. Ние веруваме дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, дека бројот патници ќе се зголеми, и ако ги добиеме аеродромите ќе направиме се‘ да бидат најконкурентни во регионот,“ изјави претседателот на управниот одбор на ТАВ, Мустафа Сани Шенер.

Потенцијалниот концесинонер има искуство во работењето со аеродроми. Оперира со три во Турција, три во Тунис, два во Грузија, а во тек е изградба во Катар и Каиро. Роковите за реализација на проектот во Македонија се куси. За нецели две години, Александар Велики во Скопје треба да биде модерен европски аеродром со нова писта и административна зграда.