1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турската влада им се извини на демонстрантите

Турскиот вицепремиер Булент Аранч им се извини на повредените демонстранти во судирите со полицијата за време на протестите во минативе денови. Во исто време тој повика да се стави крај на демонстрациите.

Првите демонстрации, организирани во Истанбул минатата недела, темелени на еколошката загриженост против градежниот проект на турската влада, а кои потоа се проширија низ целата земја, беа „праведни и легитимни“, изјави денеска турскиот вицепремиер Булент Аранч, кој во истовреме е и портпарол на турската влада. Изјавата беше дадена на прес-конференција во Анкара по средбата со претседателот Абдула Ѓул.

„Им се извинувам на сите кои станаа жртви на насилството, затоа што се чувствителни кон заштитата на животната средина“ посочи Аранч. Вицепремиерот ги повика турските граѓани „денеска да ги прекинат“ демонстрациите, почнати пред пет дена. „Убеден сум дека нашите одговорни граѓани денеска ќе ги прекинат своите протести и тоа е она што го очекуваме од нив“, рече Аранч.

Tayyip Erdogan Premierminister Türkei Bulent Arinc Parlament Ankara Syrien Angriff Vergeltung

Булент Аранч (лево) во име на владата им се извини на повредените демонстранти

„Очекуваме сите синдикати, политички парти и секој кој ја сака и се грижи за Турција да го направи тоа денеска“, додаде турскиот вицепремиер. Според неговата изјава владата „ја научила лекцијата“ од немирите.

„Она што направи работите да излезат од контрола е употребата на солзавец од страна на безбедносните сили, поради една или друга причина, против луѓето со праведни барања“, рече Аранч. „Немаме право и не можеме да си дозволиме да ги игнорираме луѓето. Демократијата не може да постои без опозиција“, додаде турскиот вицепремиер.

Првите демонстрации почнаа во Истанбул против плановите за растурање на паркот Гези во рамки на проект за реконструкција на плоштадот Таксим, а на крајот прераснаа во антивладини протести во целата земја. Во немирите загинаа најмалку две лица. До сега, според податоците од турската влада, повредени се 64 цивили и 244 полицајци, но докторите и групите за заштита на човековите права сметаат дека бројките на повредените лица се поголеми.