1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турската армија предупредува

Евро-комесарот за проширување Оли Рен го предупреди армиското водство на Турција да се држи подалеку од политиката. Рен во Брисел изјави дека станува збор за тест на демократијата. Претодно турското воено раководство во невообичаена форма се вклучи во тековниот избор на нов претседател на државата. Воените сили со загриженост ја набљудуваат ситуацијата,изјави Генералштабот само неколку часа по првиот круг изборно гласање во Парламентот. Никој не треба да заборави дека Армијата се застапува решително за поделба меѓу државата и религијата, смета војската.

Единствениот кандидат на претседателските избори во Турција, Абдула Ѓул вчера не беше избран во Парламентот во првиот круг,а опозицијата го бојкотираше гласањето. Следниот круг е најавен за среда.