1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турската армија повторно возврати на напад од Сирија

Турската армија синоќа возврати на гранатирањата од Сирија. Контранападот уследи откако сириски проектили вчера паднаа врз турското погранично село Ѓувеџи, во јужната провинција Хатај.

Проектилот бил истрелан од реонот на сириската провинција Идлиб, каде се водат борби меѓу силите на режимот на Башар ал-Асад и бунтовниците. Во престрелката никој не е провреден, бидејќи испуканиот проектил експлодирал во поле во близина на турско-сириската граница. Турската артилерија изминатите два дена постојано гаѓаше цели во Сирија, откако сириски гранати усмртија пет цивили во Турција. Турскиот Парламент претходно одобри трансгранични воени операциии во Сирија.

Нападите од сириска страна и возвратениот оган од турска страна е најсериозното прекугранично насилство до сега во сирискиот конфликт и тоа покажа како овој внатрешен конфликт може да го дестабилизира регионот.

Türkei Syrien Grenze Grenzposten Panzer und Soldaten bei Akcakale

Турски војници распоредени на границата со Сирија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека неговата земја не сака војна, туку сака да ја предупреди Сирија да не прави „фатална грешка“ со тестирањето на турската решителност. Официјален Дамаск, пак, нагласи дека гранатите по грешка завршиле на турска територија.

Турските медиуми денеска информираа дека сириските власти се согласиле да ги држат своите воени сили на 10 километри од турската граница, за да избегнат понатамошна ескалација во овој конфликт. Експертите велат дека ваквата зона ќе им овозможи на бунтовниците против режимот на Асад слободно да оперираат, но и оти таа ќе биде служи како слободна зона за цивилите.