1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турската армија доби нов мандат за воени акции против ПКК

Парламентот на Турција го продолжи за уште една година мандатот на Владата за изведување воени удари против курдски бунтовници во соседен Ирак.

default

Патрола на турската армија во провинцијата Хакари

Парламентарците поддржаа предлог на премиерот Реџеп Таип Ердоган да му се овозможи да издава наредби за стратешки удари на северот од Ирак уште една година. Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу вчера (05.09) изјави дека воените удари на Турција ќе бидат насочени врз бази и логистика на Работничката партија на Курдистан (ПКК) на север во Ирак, а не спрема Ирак или ирачкиот народ. Од 2007 година турскиот парламент го продолжува мандатот на Владата за дозвола за прекугранични напади врз упоришта на ПКК на северот на Ирак. Актуелниот мандат истекува на 17 октомври.

Судирите меѓу ПКК и турските безбедносни сили зачестија во последните неколку месеци. Од средината на јуни досега во судирите и нападите на бунтовниците загинаа над 120 лица. Како одговор, турските воени авиони неколку пати бомбардираа бази во северен Ирак и во тие напади од август досега загинале меѓу 145 и 160 бунтовници, соопшти турската армија.

Автор: ЕМФ/афп/миа

Редактор: С. Недевски