1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Турново - последна надеж на европската сцена

По елиминацијата на Вардар, екипата на Хоризонт Турново остана единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена. Сплитски Хајдук е сепак фаворит и во денешниот реванш меч во Скопје.

Хоризонт утре на арената „Филип Втори Македонски’’ во Скопје, ќе го пречека сплитски Хајдук во реванш натпреварот од 2-то квалификациско коло за Лига Европа.

И покрај негативата од 1:2 по првиот натпревар одигран во Сплит, во таборот на Хоризонт позитивно и оптимистички расположени, дека клубот од Турново има капацитет да го мине фаворизираниот Хајдук.

Тренерот на Хоризонт, Али Ѓунеш верува во квалитетот на своите фудбелери и се надева дека неговиот клуб може да ја мине оваа рунда.

„Хајдук е квалитетна екипа која располага со млади и брзи играчи кои можат лесно да направат шанса пред нашиот гол. Иако многумина не‘ сметаа за аутсајдери на натпреварот во Сплит, ние одигравме квалитетно. Имаме негатива од еден гол, затоа мора да напаѓаме и да постигнеме гол, со кој верувам дека имаме шанси за пласман во наредната фаза“, изјави Ѓунеш на вчерашната прес-конференција.

Во пресрет на денешниот реванш натпревар тренерот на сплитскиот клуб Игор Тудор, оцени дека неговата екипа е фаворит за пласман во следната рунда и не размислува за елиминација.

„Лично не можам да влијаам на резултатот, но можам на моите играчи, на кои постојано им советувам дека мора максимално да ги одиграат возвратните 90 минути доколку сакаат да ја минат екипата на Хоризонт Турново“, изјави Тудор.

Стратегот на Хајдук не пропушти да упати и пофални зборови за Хоризонт, за кој смета дека има квалитетен тим, кој сепак игра премногу затворен фудбал, па од таму неговите избраници на дуелот на „Пољуд’’ не можеле докрај да ги искажат своите квалитети.