1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Турку треба да измами насмевки на лицето

На Ливерпул му успеа, градот Линц исто така добро се снајде во улогата на европска културна престолнина. Оваа година пак тоа се Талин и Турку. Додека Талин е престолнина на Естонија, Турку бил тоа некогаш во Финска.

default

За културните настани во Турку се издвоени 52 милиони евра

На мостот преку реката Аура се нишаат шарени лампиони. Тие во текот на зимата се направени од канистри за сокови. Оваа река тече низ градот Турку кој се наоѓа на прекрасниот брег на архипелагот во југозападниот дел на Финска. Чамци, бротчиња за излети и ресторани на вода се всидрени на речниот брег, младите шетаат прегрнати, а на нежните бранови пливаат весели дрвени пајки на чии грбови стојат дрвени човечиња.

Градскиот водич Анке Михлер Јанхунен вели: „Сега во текот на летото имаме широка понуда, понуда која треба да им ја приближи уметноста на луѓето и тоа таму каде што луѓето во текот на летото најчесто го поминуваат времето - надвор, на отворено. И токму тука на луѓето сакаме да им овозможиме уметничко доживување кое ќе им измами насмевка на лицето."

Зависни од хармонијата

Turku 2011 FLASH-GALERIE

Културните настани се очекува да внесат ведрина во животот на градот

Анке вели дека Финците се народ зависен од хармонија. Но, во Турку во последно време нема хармонија, бидејќи книгата на порачки на бродоградилиштата која важеше за извор на работа и приход за поголемиот дел од населението, е празна. Стапката на невработеност скокна од октомври 2010 година кога беше завршен последниот голем брод, а 16.000 луѓе останаа без работа. Во нивниот живот е потребно да се внесе малку ведрина. Затоа шатчињата пливаат по водата, затоа дрвјата се закитени со слатки бротчиња, затоа огромната дрвена бела маргаритка стои на тревникот на брегот на реката Аура.

Сара Малила, портпаролка на Фондацијата Турку 2011 вели: „Убедени сме дека културата - на пример посетите на изложбите и на театарот или активното учествување на бината и перформансите, добро влијаат на луѓето и затоа тоа е мото на годинашнава престолнина на културата. Културата е исто така добра за животната средина и економијата на градот. Сето тоа е смислата на овие манифестации."

За враќање на самодовербата на луѓето

.

Градбата на бродови беше извор на приходи за жителите на градот

Таа всушност сака да каже дека смислата на годината на престолнината на културата, за која се издвоени 52 милиони евра, е да се врати самодовербата на жителите на Турку и да се зајакне нивното заедништво. Тоа започна со заедничкото ткаење на еден црвен тепих кој води до некогашната затворска тврдина. Тој потфат е дел од изложбата на тема оган која зборува за тоа колку волјата за живот на градот во текот на вековите била силна, иако е пален повеќе од 30 пати. На програмата се исто така концерти на отворено, регати и бројни други културно-уметнички случувања.

Кустосот на една од изложбите на отворено, Лота Петринела вели: „Идејата на овој проект е дека уметноста отвора разни врати и отвора преглед како може да се разберат овие архипелази и тукашното општество. Овде живеат луѓе. Архипелагот во целина е една заедница, но и секој негов остров е заедница за себе. Веќе двајца луѓе на еден остров прават едно посебна заедница."

И филмот е во фокусот

Flash-Galerie Turku Fußgängerzone TURKU PEDESTRIAN STREET

Интересот за културните настани е голем

Во понудата на културната престолнина е и филмот на Оливер Кохте-Калеинен што го реализирал со помош на населението од архипелагот кој инаку брои околу 20.000 острови. Во тој смешен, благо ироничен филм се работи за различни визии на иднината на архипелагот: како рај за пензионери, татковина на еко-анархисти, Ноево кајче и место погодно за кинески инвестиции.

Режисерот Калеинен вели: „Филмот не опишува буквално што ќе се случи овде за сто години. Филмот е попрво една документација за тоа што овде се случува сега. Филмот зборува за стравовите на луѓето кои живеат овде и сега."

Интересирањето на луѓето за културната програма е исклучително големо. Но, останува да се види дали годината на културата на жителите на архипелагот ќе им донесе нова работа и навистина ќе им ја зајакне нивната самодоверба.

Автор: Силке Бартлик/ Светлана Брик

Редактор: Александра Трајковска