1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Туристички водич: шопинг и пари

Парите го вртат светот – или, како што се вели, парите му олеснуваат на светот да се врти. Прочитајте неколку совети за тоа како да ги трошите парите во Германија.

default

На шопинг

Германија го прифати еврото како валута во 2001 – та година. Едно евро чини 1, 35 американски долари, 1,62 австралиски долари или 0.67 британски фунти. Еврото беше дизајнирано за луѓето навикнати на ситни пари и на плаќање во готово. Затоа има различни валути - две евра, едно евро, педесет центи, дваесет центи, десет центи, пет центи и еден цент. Најдобриот начин да ги избегнете скапите такси кога менувате пари, е да извадите пари во готово директно од банкоматите во Германија ( Bankautomat, Geldautomat).

Пред да отпатувате, прашајте во вашата банка дали наплаќа за трансфер на парите. Исто така, постои можност да менувате пари или патнички чекови во речиси секоја банка, но при тоа ќе мора да платите такса.

02.10.2007 euromaxx hamburg fischereihafen restaurant

Во многу ресторани се плаќа само кеш

Во Германија не е вообичаено да се плаќа со кредитна картичка. Најголем дел од Германците плаќаат во готово или со дебитна картичка. Големите стоковни куќи и хотелите работат со кредитни картички, но не и помалите продавници и рестораните. Рестораните и кафе баровите не прифаќаат кредитни картички, а голем дел од нив не работат ниту со дебитни картички. Затоа добро е доколку во себе имате кеш.

Symbolbild Rechenstreifen Rechnung p178

Сметка

Во сметката секогаш е вклучен данокот што треба да го платите. Треба да платите онолку колку што пишува на сметката. Во Јануари 2007-та година, данокот на додадена вредност порасна од 16 % на 19 %. За некои работи, како на пример книги и храна, данокот изнесува само 7%.

Многу од продавниците, особено оние за прехранбени продукти, не даваат книжни или пластични кеси за носење. Тие обично можат да се купат во самите продавници, но купувачите обично носат со себе претходно употребени кеси или торби за продуктите.

Кога купувате пијалоци, имајте на ум дека за најголем дел од стаклените или пластичните шишиња мора да ја платите амбалажата или да оставите депозит, кој што изнесува од 0,08 до 0,25 евра.

Работно време

Најголем дел од продавниците во Германија, во работни денови отвораат меѓу 9 и 10 часот, а затвораат меѓу 18 и 20 часот. Во сабота, обично затвораат порано, околу 14 часот. Во поголемите градови, многу продавници остануваат отворени до 20 часот и во саботите, а некои се отворени дури и до 22 часот.

Некои од продавниците не работат за време на паузата за ручек, главно помеѓу 13 и 15 часот. Ова е вообичаено за помалите градови, но исто така важи и за некои продавници во поголемите градови. Речиси сите продавници се затворени во неделите и на државните празници. Кога сепак морате нешто да купите, можете тоа да го сторите на бензинските пумпи. Некои пекарници и цвеќарници исто така, се отворени и во неделите, но работат со скратено работно време. Исто така, продавниците на железничките станици во поголемите градови честопати работат и во недела, а понекогаш и на државни празници.

Аптеки

Apotheken Zeichen in Deutschland

Аптеките се означени со „А“

Доколку претходно сте испиле повеќе од најпознатите германски пијалоци, аспирин нема да најдете во супермаркетите или во останатите продавници, особено не во недела. Лековите кои што можат да се купат без рецепт, како што се на пример аналгетиците, се продаваат само во аптеките. Во Германија има многу аптеки, така што нема да имате проблем да пронајдете некоја. Во неделите се отворени само дежурните аптеки, кои се објавени претходно во весниците. Исто така, листа на отворени аптеки во недела можете да најдете и на вратата на секоја аптека која не работи.