1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Туре: Косово не може да користи меѓународен префикс на друга држава

Мобилната и фиксна телефонија на Косово не може да го користи меѓународниот телефонски префикс на Албанија, изјави во Тирана генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации Амаду Туре.

Државите добиваат меѓународни телефонски префикси откако ќе станат членки на Обединетите нации и би било сериозен преседан да се дозволи Косово да го користи кодот на Албанија, изјави. Тој наведе дека користењето на телефонскиот код на друга држава може да создаде многу технички проблеми.

Косовскиот парламент во четвртокот изгласа резолуција со која меѓународниот префикс на Србија 381 за фиксната телефонија, и префиксите 377 и 386 за двата мобилни оператори, коишто се користат во Косово, да се сменат со телефонскиот код на Албанија 355.

Албанскиот премиер Сали Бериша на истата прес-конференција изјави дека во основа се согласува Косово да има заеднички телефонски код со Албанија, но наведува дека техничкиот дел на активноста ќе зависи од техничките можности за што треба да одлучат експертите.

Symbolbild Verhältnis Kosovo Serbien

Српските власти реагираа на одлуката на Косово да го промени меѓународниот телефонски префикс

Изјавата на албанскиот премиер дојде веднаш по реакцијата на Србија, која е против тоа Косово да го има истиот код со Албанија и бара Косово да продолжи да ги користи кодовите на Србија.

Во усвоената резолуција на косовскиот парламент се нагласува дека со замената на меѓународните префикси граѓаните ќе добијат многу, како на политички и економски, така и на безбедносен план. Од владата се бара многу брзо да иницира преговори со албанската влада за користење на нивните меѓународни префикси.

Косовскиот премиер Хашим Тачи прашан дали владата ќе ја оствари оваа резолуција на парламентот, одговори потврдно.