1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Турбуленции во албанскиот политички блок во Македонија

Во и меѓу партиите на македонските Албаниц веќе поевеќе месеци владеат турбуленции. Покрај обидот за припојување на ПДП со ДПА, има недоразбирања и во владејачката ДУИ.

default

Раководството на ДУИ

Обидот на ДПА да ја припои кон себе ПДП доживува неуспех. Двајцата потпретседатели на партијата Исмет Рамадани и Риза Халими и членот на Централното претседателство Халит Хајдари, како членови на Комисијата за преговори за спојување со ДПА, вчера попладнето поднесоа неотповикливи оставки.

Седница на ПДП

Кулминацијата на судирот во ПДП треба да се очекува денеска. Од една страна, седница на партиското раководство свика лидерот Абдуљади Вејсели, кој останува осамен во иницијативата за гаснење на ПДП, а од друга страна, неговите противници - сопартијци исто така, свикуваат, но во Скопје, седница на Централното претседателство, при што се бара оставка на лидерот Вејсели.

Тој одби да даде изјава за Дојче Веле, а Илир Љума, претседателот на најкрупниот и највлијателен огранок – тетовскиот ни изјави дека нема да да се дозволи гаснење на партијата, како автентична политичка опција „Апсолутно да се уништи ПДП: тоа настојуваше долго време да го направи ДПА, тоа истото го настојуваше и ДУИ. Но, токму тежнеењето на овие сили што се залагаат за зачувување на ПДП е да се пласира алтернативна политичка мисла во Македонија.“

Во ДПА се уште нема никаков одглас на овие турбуленции во ПДП. Потсетуваме на изјавата од пред неколку дена што ја даде Имер Алиу, генералниот секретар на ДПА „Сегашната ситуација налага окрупнување на опозициониот политички блок на Албанците, со цел полесно и посилно да се артикулираат нивните интереси.“

„ДПА треба да престане да ги потценува гласачите“

По парламентарните избори во ДПА се уште нема никакви случувања, поточно поместувања, со оглед на поразот што го доживеа. Мендух Тачи порача дека не помислува на оставка, а аналитичарите оценуваат дека обид за привлекување на ПДП беше само обид за засилување на политичката моќ наспроти ДУИ. Според аналитичарите „ДПА треба да ја промени својата непродуктивна политичка филозофија и да престане да ги потценува гласачите, ако сака да стане релевантен политички фактор.“

Осман Кадриу, професор по политички систем на ФОН Универзитетот во Скопје, осврнувајќи се на пошироката ситуација во албанскиот политички блок, смета дека во него владее криза „Сите овие партии, особено најголемите – ДПА и ДУИ, покажаа сериозни негативни резултати, сериозни негативни последици и врз развојот на демократските процеси во државата и посебно за заштита на интересите на албанската популација во Македонија.“

Несогласувања во ДУИ

Дел од превирањата во албанскиот политички блок во Македонија се и несогласувањата на Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ, пратеникот Џеват Адеми и некои други нивни сопартијци, поради донесувањето на парламентарниот деловник. Теута Арифи, која во колумната во „Дневник“ го обвини Никола Груевски дека „сака да ја злоупотреби, да ја понижи и да ја потроши ДУИ како коалиционен партнер во своето владеење“, вчера, исто така, одби да даде изјава за Дојче Веле.

Експертите, кои ги консултираше Дојче Веле, оценуваат дека и ДУИ се обидува да му парира на Никола Груевски, искажувајќи незадоволство, кое не е само на индивидуално ниво, од здобиената позиција и третманот во владејачката коалиција.