1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Тупурковски: Спортот е шанса за афирмација на земјата

Стивнуваат спортските активности во годината што си оди. На крајот од 2010, разговараме со претседателот на МОК, Васил Тупурковски, за состојбата во македонскиот спорт и за приоритетите во 2011 година.

Ова се денови кога се сведува направеното во годината што заминува. Како на неа гледа Васил Тупурковски, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, во колкава мера е задоволен од направеното?

„Заради општите сосотојби во земјата, загрозен е врвниот спорт и спортот воопшто, сите категории на спортот: од масовнот, од младинскиот. Тешко има пристап една идеја која што е стратешка, да се создаваат стручни луѓе во Републка Македонија, и тие да му се посветуваат на спортот. Тешко ни оди од секогаш соработката, и да речеме да ни се излегува пресрет со некои средства од било која влада во Р.Македонија, што е куриозитет сам по себе. Во тие околности, да, задоволен сум“.

Македонскиот олимписки комитет и во 2010 година остана со финансиската поддршка од долгогодишните спонзори и од ИОК. Соработката со институциите на државата и натаму не е на потребното ниво, вели Тупурковски.

„Ние сме секогаш отворени за соработка, секогаш соработуваме, меѓутоа не се сфаќа дека мора да се инвестира и во олимписките комитети и на тој начин и во нашиот национален олимписки кометит, бидејки сите признаваат дека преку спортот крупна е шансата за афирмација на една држава“.

Приоритетите насочени кон Лондон

Atanas Nikolovski

Успехот на Атанас Николовски - еден од приоритетите во 2011 година

Приоритетите на МОК во 2011 година се насочени кон обезбедување на норми за учество на Олимписките игри во Лондон.

Ќе се трудиме на секој начин да имаме и додатни средства за борачите, за боксерите и за Атанас Николовски во кајак на диви води. За нив сакаме да имаме оптимални програми кои што се на ниво на подготовките и инвестирањето во било кој светски ас. Сакаме да им пружиме максимум и во тоа сигурен сум дека ќе успееме, и тоа е 2011 година за нас“.

Во годините од осамостојувањето, Македонија немала присуство на една екипа на олимписките турнири. Реалност или и натаму илузија е можноста на една екипа да отпатува во Лондон?

„Тоа би било фантастично да можеме да се претставиме и со колективен спорт. Имаше можности, практично веќе две години, можеби ќе биде погрешно сфатено, но, мислам дека две години се изгубија околу унапредувањето и на машката и на женската ракометна репрезентација, и дека тоа колку и да е наша надеж, нема да биде едноставно да се остварат нивните аспирации за да се квалификуваат на олимпискиот турнир. Остануваат кошаркарите и ватерполистите“.

Како Васил Тупурковски гледа на моментот во кој се наоѓа олимпизмот и воопшто спортот во светот?

„Јасно е дека олимпизмот е во подем, дека никој не го губи интересот, дека има огромен публицитет, огромни маркетиншки можности, и на крајот од краиштата и огромни средства кои се слеваат и од кои и ние живееме на некој начин“.

Автор: Златко Калински

Редактор: Трајче Тосев