1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тунис: Tри години без диктатура

Тунижаните и натаму мораат да чекаат. Новиот Устав, и три години по уривањето од власт на диктаторот Бен Али сѐ уште не е завршен. Од 2011. досега имаше многу празни ветувања, но и мали успеси.

„Револуционерите сакаа сите граѓани еднакво да профитираат од револуцијата. Меѓутоа, до тоа не дојде“, вели Суаил Аидуди и го критикува недостигот на компетентност на политичарите по револуцијата. „Во Тунис се живее на маргините, луѓето немаат можност за вработување и живеат во голема несигурност. Лично сум невработен веќе десет години“, вели Аидуди кој има завршен факултет. Овој 32. годишник заработува за живот повремено работејќи како келнер, носач на куфери или помош во кујна. „Јас не можам да си дозволам да основам семејство“, вели Аидуди.

Многу млади во Тунис се во иста ситуација. Иако завршиле факултет немаат работа. Од 11 милиони Тунижани, околу 700 илјади се невработени. Од нив, речиси 400 илјади се со високо образование. Салем Ајари од невладината организација на невработените лица со високо образование, вели дека е тоа „бомба која секој момент може да експлодира“. „Усвоена е програма за вработување, но ништо не се смени“, вели Ајари.

Aidoudi

Суаил Аидуди

Поради тоа, граѓаните со нетрпение го очекувааат новиот Устав кој им е ветен по повод третата годишнина од уривање од власт на претседателот Бен Али. Тарек Санаа повеќе не им верува на таквите ветувања. „Актуелната елита по револуцијата, демократијата ја сфаќа како плен, односно улов. Ја користат како инструмент за богатење и остварување на сопствените интереси“, вели Санаа.

60. годишниот Санаа е златар, а својата работилница ја наследил од татко му. Себеси се гледа како хроничар на револуцијата која пред три години започнала пред неговите порти.

„Важно е младите својата перспектива да ја гледаат во Тунис и да останат тука. Имам верба во младата генерација, оние кои имаат меѓу 20 и 30 години и кои растат во услови на слобода. Тие ќе продолжат по патеката на револуцијата. Потребна ни е револуција во начинот на размислување“, вели Санаа.

Загрозена слобода на печатот

Позитивен резултат од револуцијата е слободата на медиумите. Денес постојат повеќе од 40 радио станици и исто толку весници. Различно мислење наместо државна пропаганда и диктатура. Но, Бехир Уарда, координатор на невладина организација за заштита на слободата на медиумите предупредува дека и новата слобода е во опасност. Откако е на власт исламистичката партија Енахда често пати доаѓа до случаи во владата се обидува да манипулира со медиумите и со новинарите.

Salem Ayari

Салем Ајари

„Постои тенденција на враќање на старите методи на диктатурата на Бен Али за контрола врз медиумите“, вели Уарда. „Личности блиски до власта се поставуваат на раководни места во државните медиуми и се отвораат нови медиумски куќи кои воопшто немаат лиценца за работа“, вели тој.

На многу медиумите им недостасуваат пари или храброст да ја вршат својата задача, како откривањето на спорни теми.

„Новинарите не го застапуваат критичкото и независно новинарство. Новинарите и медиумите ги заобиколуваат важните теми. Државните медиуми брзо станаа играчки на власта. За невработеноста или за политички тешките теми во државните медиуми речиси и не се говори“, вели Салем Ајари.