1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тунис пред нов предизвик

Во главниот град на Тунис на протести излегоа повеќе илјади противници и приврзаници на владата на земјата, во која доминираат исламистите. Германскиот министер за надворешни работи се нуди како посредник.

На масовните демонстрации во Тунис 40.000 учесници бараа оставка на владата во која доминираат исламистите. Противниците на Енада партијата повторно се собраа пред зградата на парламентот во главнот град Тунис. Таму веќе повеќе недели се одржува штрајк против владата.

Повод за големите демонстрации беше националниот ден на жената во Тунис. По тој повод и Енада партијата повика на собирна манифестација, меѓутоа таа беше во помали размери. Новите тензии во земјата ги предизвика убиството на опозициониот политичар Мохамед Брахми на 25. јули, најверојатно од страна на исламистички екстремист.

Среде политичката криза денеска (14.08.) во посета на Тунис патува германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле.

Министерството за надворешни работи во Берлин соопшти дека Вестервеле ќе ги охрабри туниските политичари да не дозволат да се прекинаат преговорите во оваа одлучувачка фаза на политичка трансформација. Би морале да бидат пронајдени „компромиси за заеднички решенија кон нов демократски уставен поредок“, се вели во Берлин.