1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тунис повторно врие

Во лулката на т.н. Арапска пролет никако да завладее мир: десетици илјади луѓе протестираа на улиците против владата. Привремениот парламент ја прекина својата работа.

People demonstrate against Tunisia's Islamist-led government in Tunis, Tunisia Tuesday Aug. 6, 2013. The assassination of leading leftist politician Mohammed Brahmi on July 25, the second opposition figure to be assassinated this year in Tunisia, has plunged the country into a crisis with anti-government protests, the resignation of a cabinet minister, and a walkout by dozens of lawmakers. The demonstration commemorate also six months of the assassination of another left-wing opposition legislator, Chokri Belaid, in February. (Foto: AP) / Eingestellt von wa

Tunesien / Proteste / bei Tunis

Демонстрантите синоќа (06.08) се собраа пред зградата на Уставотворното собрание во Бардо, предградие на главниот град Тунис. Тие бараа оставка на владата и носеа транспаренти со ликовите на убиените опизициони политичари Мохамед Брами и Шукри Белаид, Многумина граѓани ја обвинуваат токму владата за нивната смрт. Од убиствотона Брами на 25 јули, во Тунис секој ден се одржуваат протести и има судири, но синоќешните демонстрации се сметата за најголемите. Претставник на полицијата соопшти дека биле собрани околу 40 илјади луѓе, а од страна на опозицијата нема проценки.

Работата на Националното конститутивно собрание на Тунис во меѓувреме  е прекината на неопределено време, како што изјави претседателот на Парламентот, Мустафа бен Џафар.

„Како претседател на Парламентот ја прекинувам работата се‘ додека не почне дијалог меѓу власта и опозицијата“, истакна Џафар.

Левата исламистичка партија на Џафар, Демократски форум за труд и слободи е сојузник на владејачката исламистичка партија Ан Нахда.

Претходно, премиерот на Тунис Али Ларајед побара Парламентот да ја заврши работата за новиот устав и избирачкиот закон пред изборите, кои се закажани на 17 декември.

По соборувањето на долгогодишниот туниски властродржецАбидине Бен Али во 2011 година, на првите избори победи партијата Енахда, која коалицираше со центристичко-левата партија ЦПР на претседателот Монцеф Манзуки и социјалдемократската партија Етакатол.