Тужба против напаѓачите на германскиот конзул во Солун | Свет | DW | 17.11.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тужба против напаѓачите на германскиот конзул во Солун

Тројца демонстранти треба да одговараат пред суд поради нападот врз германскиот генерален конзул Хелшер-Обермајер. Грчкиот печат е поделен околу темата.

Германскиот генерален конзул Волфганг Хелшер-Обермајер ( на фотографијата) во четвртокот беше нападнат на маргините на средба на германски и грчки градоначалник во Солун и потурен со кафе и вода. Полицијата интервенираше и го однесе на безбедно место. Ополномоштеникот на Греманија за германско-грчки односи, Ханс-Јоахим Фухтел претходно предизвика револт со споредбата на продуктивноста меѓу грчките и германските работници, а „цехот“ го плати конзулот. Фухтел, парламентарен државен секретар во германското министерство за труд, според медиумите изјавил дека во грчката адмминистрација околу три илјади службеници извршуваат работа за која во Германија се ангажирани само илјада вработени. Подоцна тој тврдеше дека се работи за „недоразбирање“ кое подоцна е испеглано.

Поради напад вчера се уапсени три лица, двајца општински службеници и еден наставник, кои се идентификувани благодарениена видео-снимка. Тие се обвинети за примена на насилство, пореметување на мирот, навреда и предизвикување материјална штета.

Опозиционата партија Сојуз на радикалната левица, Сириѕа), апсењето на обвинетите го означи за провокација, зборувајќи за „екстремна репресија“. Пред зградата на судот беше изведен собир на солидарност од општински службеници. И левоориентираните грчки весници излегоа со критики.

„Тој (Фухтел) провоцираше, предизвика бес и потоа ретерираше“, напиша „‘мерес“. Партискиот весник на Сојузот на радикалната левица, „Авги“, исто така укажа на „бесот поради изјавите на ополномоштеникот на Меркел“.

Други весници напротив се оградуваат и го осудуваат инцидентот во Солун. Весникот „Македониа“ од Солун пишува за слики на срам.

„Веднаш пред суд“, гласи насловот на атинскиот венсик „Та Неа“, додавајќи - одговорните за сцени како од Либија мора да бидат изведени пред правдата. Конзервативниот весник „Катимерини“ истакнува дека насилството не е решение за проблемите. „Етнос“ дополнува: нападите врз конзулот се „удар врз срцето на демократијата“.