1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Тужба против Епл за наводно договорање цени

Американските власти поднесоа тужба поради монопол на компанијата Епл и против пет водечки мултимедијални издавачи, обвинувајќи ги за заговор кој довел до повисоки цени на електронските книги.

„Сметаме дека купувачите како последица на договарањето платиле три милиони долари повеќе отколку што е неопходно“, изјави американскиот министер за правда Ерик Холдер во Вашингтон.

Во тужбата на американската влада се наведува дега договорот на Епл и на издавачите е обид да се одговори на успехот на Амазон, којшто продаваше книги за помалку од десет долари. Поради договорот, кој бил постигнат во време кога Епл се подготвувал за исфрлање на пазарот на Ајпедот, како што се тврди во тужбата, цената на бестселерите е зголемена од 9,99 на 12,99 или 14,99 долари по книга. Наводно од секоја продадена книга, Епл добива гарантирано по 30 проценти.

Против Епл и изадавачите од декември минатата година официјално истрага води и Европската комисија. Според еврокомесарот за поттикнување на конкурентноста Хоакин Алмуниа, издавачите и Епл дале предлози за компромис. „Во моментов сме во плодни дискусии со нив“, изјави Алмуниа.