1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Туарезите прогласија независност во Мали

Бунтовниците Туарези, припадници на Националното движење за ослободување на Азавад, прогласија независност на северот на Мали преку нивната веб страница и телевизијата Франс 24.

Моза Аг Атахер освен што рече дека свечено ја објавува независноста, додаде и дека бунтовниците ќе ги почитуваат границите со другите држави. Тој ги осуди вчерашните акции во градот Гао, во кои беа земени како заложници службеници од амбасадата на Алжир и изјави дека тоа е дело на терористичка група.

Минатиот месец, на 22-ри март, воената хунта во Мали изврши државен удар и го собори претседателот Амадо Тумани Туре, поради тоа што владата не успеала да ја задуши побуната на Туарезите на северот од Мали. Во областа дејствуваат и терористи од Ал Каеда. Војската, што ја презеде власта во Мали, изјави дека ќе преземе итни мерки за зачувување на територијалната целост на земјата и го повика населението од северните делови да се спротистави на востанието и екстремистите.

Земјата која се соочува со хуманитарна катастрофа некогаш беше пример за демократски успех во Африка. Хуманитарните организации предупредуваат од катастрофа, бидејќи стотици илјади луѓе побегнаа од населените места, а бунтовниците на големо ја ограбуваат храната и лековите, со што регионот веќе се соочува со недостаток на основни намирници.