1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трупите на Асад се подготвени на се‘

По воениот пробив во главниот град Дамаск, армијата се концентрира на наjголемиот грaд, Алепо. Турција ги затвори сите гранични премини кон Сирија.

Сириската армија се обидува да го зголеми притисокот врз бунтовниците во економската метропола Алепо, каде се водат борби за преземање на контрола.  Борбите во Алепо се водат веќе и во самиот центар на градот, стариот дел, кој е под заштита на УНЕСКО.

Според опозицијата, повеќе илјади владини војници се повлечени од важен сектор во близина на границата со Турција и испратени кон Алепо.

Во градот Хама војниците застрелале најмалку 30 верници пред една џамија, тврди опозицијата. Пукањето започнало во момент кога луѓето влегувале во џамијата на Рамазанска вечерна молитва.

Владата на Турција во меѓувреме донесе одлука за затворање на сите премини на границата кон Сирија поради интензивирањето на судирите во оваа земја, соопшти денеска турскиот министер за трговија Хајати Јазиџи. Одлуката на турските власти следи откако изминативе денови сириските бунтовници презедоа контрола врз неколку премини на границата на Сирија кон Ирак и Турција.

Турската армија во регионот на сириската граница испратила специјални воени екипи, обучени да дејствуваат при напади со хемиско оружје, откако Сирија предупреди дека може да употреби вакво оружје против надворешни сили, соопштија турските медиуми. Според медиумите, кои, сепак, не наведуваат извори на информацијата, екипата, што пред тоа била стационирана во западна Турција, пред два месеца била префрлена во Конија, во централна Турција, и еден дел од неа сега заминал за регионот на сириската граница.