1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Тројца против Меркел?

На четирипартитниот самит во Рим, Франција, Шпанија и Италија сакаат во една или друга форма пари од Германија, иако канцеларката Ангела Меркел се спротивставува на тоа. Потребата за пари на Италија и Шпанија е голема.

Шефовите на држави или влади на четирите најголеми економии во еврозоната денеска (22.06) ќе разговараат за патиштата за излез од должничката криза. Италијанскиот премиер Марио Монти ги покани во Рим германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој нема потреба само од околу 100 милијарди евра за помош на шпанските банки, туку итно бара и купувачи на

Mariano Rajoy Premierminister Spanien

Шпанскиот премиер Маријано Рахој

шпанските државни обврзници. Во исто време, цените на италијанските државни обврзници растат во земјата домаќин на четирипартитниот мини самит.

Затоа, италијанскиот премиер Марио Монти предлага европските партнери да ги купат италијанските државни обврзници. Монти сака сега да постигне, исто како и минатата година, откупување на италијанскиот и шпанскиот државен долг од страна на Европската централна банка.

Домаќинот Италија во неволји

Европската централна банка стравува поради високите ризици за својот биланс. Затоа, оттаму стаса предлогот - европските земји од фондот за спас да ги купат државните обврзници.

Frankreich Wahlkampf Merkel Monti

Земјите кои се трудат не треба да се казнуваат со ненормално високи долгови, вели Марио Монти

Откупот на обврзниците преку европскиот фонд за спас го посакува и Марио Монти. Но, таквата спасувачка акција може да ја плати со заминување од премиерската функција, бидејќи критиките за неговата влада ќе станат се’ погласни. Партиите кои го поддржуваат одбиваат во моментов да одобрат голема реформа на пазарот на труд. Според италијанските медиуми, Монти би можел да биде принуден на повлекување од функцијата, ако на Италија буквално и‘ треба помош од европскиот фонд за спас. Во таков случај, наесен во Италија би можело да има нови избори.

„Земјите кои се трудат не треба да се казнуваат со ненормално високи долгови“, изјави Монти.

„Монти не направи доволно за да го поттикне економскиот раст на Италија, смета професорот Оливиеро Роџи од Универзитетот во Фиренца. „Влегуваме во грчкиот ’ѓаволски круг’ на рецесија. Тоа води кон банкрот на фирмите. А, потоа државата банкротира. Потоа следува спасувачкиот пакет“, вели професорот Роџи.

Меркел одбива да прифати нови ризици

Hollande / Frankreich / Präsident

Франсоа Оланд

Германија не му дава рамо за плачење на Монти. Меркел одбива, како и на неодамна одржаниот самит на Г20, сите земји членки да гарантираат за долговите.

На мини самитот во Рим се очекува францускиот претседател Франсоа Оланд да побара повторно еврообврзници, односно заеднички обврзници. Но, европските дипломати на овој план не очекуваат напредок на состанокот во Рим. Оланд се надева на консензус меѓу европските лидери на самитот на Унијата следната недела во Брисел.

Временската рамка за постојан фонд за спас во опасност

Прашањето за банкарска унија веројатно повторно ќе биде разговарано во Рим. Германија гледа со скепса на предложената заедничка одговорност за банкарските ризици во цела Европа. Канцеларката би можела да прифати создавање на заедничка супервизија на банките.

Меркел е и под домашен притисок, бидејќи правната процедура за постојаниот фонд за спас веројатно нема да биде завршена пред први јули. Како дополнување на тоа, постојат закани за правни постапки против тоа пред Сојузниот уставен суд. Судот веќе и’ препорача на владата да го вклучува повеќе парламентот во одлуките околу мерките за спас од кризата во Европа.