1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тројца загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Според наводите на авганистанското министерство за надворешни работи, атентаторот го активирал експлозивот во возилото со кое пристигнал пред влeзот во американската воена база Чепмен.

Тројца Авганистанци загинаа утрината во самоубиствен напад со автомобил-бомба врз американска воена база во источниот дел на Авганистан.

Портпарол на силите на НАТО потврди дека базата Чепмен во близина на Хост била мета на нападот, во кој се повредени седум лица. Нема загинати од припадниците на меѓународните сили.

Според портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи нападот бил извршен од бомбаш-самоубиец, кој удрил со автомобил полн со експлозив во влезот на базата.

Талибанските бунтовници презедоа одговорност за нападот.

Базата Чепмен беше цел на самоубиствен напад и на 30 декември 2009. година, во кој беа убиени седум агенти на ЦИА и еден јордански офицер, кој работел за американското разузнавање.