1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Тројца загинати во рударска несреќа во Тирингија

Тројца рудари го загубија животот во еден рудник за сол во Тирингија. Несреќата се случила по контролирана експлозија, кога се проширил јахглерод диоксид кој предизвикал притисок.

При рударска несреќа во рудник за калиумова сол во Унтербрајцбах, Тирингија, тројца рудари го загубија животот, додека четворица рудари беа спасени. Несреќата се случила кога при контролирана експлозија на длабочина од 900 метри се ослободило големо количество на јаглерод диоксид. Ова предизвикало огромен бран притисок, преку кој гасот се искачил до повисоките окна и стигнал до површината на земјата, појасни концернот „K+S“ надлежен за ископувањата во рудникот.

Телата на тројцата починати рудари на возраст од 24, 50 и 56 години биле пронајдени на неколку километри оддалеченост од местото каде што била извршена експлозијата. Овие рудари имале задача да ги проверат подземните премини по контролираната експлозија.

Претпријатието на семејствата на починатите им изрази сочувство. Покраинската премиерка на Тирингија Кристине Либеркнехт исто така изрази длабоко жалење. „Мое сочувство за семејставата на тројцата рудари, кои денеска го загубија животот“, рече Либеркнехт во Ерфурт.

Концернот „K+S“ во Германија во шест рудници ископува калиумова сол и соли богати со магнезиум и сулфур. Од нив потоа се произведуваат, меѓу другото, ѓубрива, како и сол против замрзнување. Во двата рудника во Тирингија работат повеќе од 1000 луѓе.