1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тројца загинати во експлозија во кафуле во Србија

Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во експлозија на бомба во банатското место Идвор, во Србија, јавија електронските медиуми во земјата.

default

Експлозијата се случила околу 2 часот и 30 минути утрината кога 34-годишен маж активирал бомба на влезот на кафе-барот „Дама“.

Трагедијата се случила откако обезбедувањето на кафулето се обидело да спречи четворица момчиња од соседното село Сефкерин да влезат во објектот. После кавгата на влезот, едниот од учесниците во кавгата ја активирало рачната бомба. Неговиот брат се обидел да го спречи, но не успеал. Двајцата загинале. Идентитетот на третото лице кое загина синоќа се’ уште не е познат.

Истражниот судија соопшти дека во моментот на експлозијата во барот имало околу 150 лица. Две од повредените лица се сместени во болница во градот Зрењанин, а останатите во болницата во Панчево и во Ургентниот центар во Белград.

Српската агенција Бета јави дека двајцата примени мажи во болницата во Зрењанин имаат многу шрапнели од бомбата во телата. Двете лица хоспитализирани во Панчево пак имаат повреда на главата и на ногата.

Според неофицијални информации, кафулето немало дозвола за работа, а против сопствениците ќе биде покрената кривична постапка