1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тројца Германци киднапирани во Јемен

Во Јемен се киднапирани тројца германски граѓани. Информацијата во меѓувреме ја потврди Министерството за надворешни работи во Берлин.

default

Картата го покажува местото на киднапирање

Според портпаролот Јенс Плетнер, тројцата биле киднапирани вчера попладне во покраината Дамар, на околу сто километри јужно од главниот град Сана. Германската влада е во постојан контакт со државните служби на Јемен за да го расветли целиот настан, порача портпаролот на Министерство за надворешни работи. Според досега достапните податоци станува збор за една германска државјанка, која работи за хуманитарна организација во оваа земја. Останатите двајца се нејзините родители, кои се наоѓале во посета.

Киднапирањето им се припишува на припадници на племето Бани-Табѓан, кое живее во споменатиот регион. Грабнувачите наводно бараат од германската влада да издејствува ослободување на затворените припадници на племето. Ова не е првпат германски граѓани да бидат цел на киднапирање во Јемен. Во јули 2001 година беше грабнат германски дипломат во главниот град Сана. Тој беше пуштен на слобода дури во септември истата година. На крајот од декември 2005-тата, германскиот дипломат Јирген Кробог, исто така, беше киднапиран, заедно со сопругата и тројцата синови. Целото семејство беше пуштено на слобода по три дена.