Тројца Германци загинаа во напад во близина на Кабул | Теми на денот | DW | 15.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тројца Германци загинаа во напад во близина на Кабул

Тројцата Германци кои утрината загинаа во екзплозијата во близина на авганистанскиот град Кабул , се полициски службеници- потврди германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле.

default

Кабул

Германските полицајци се наоѓале во еден дипломатски конвој , во близина на кој експлодирала бомба поставена на пат . Уште еден германски полицаец било повреден во експлозијата, но се наоѓа вон животна опасност .

„ Ова експлозија се случи во областа Баграми. Додека двете возила кои и припаѓале на германската амбасада , минувале покрај една споредна улица , експлодирала мина . Ние не знаеме со сигурност , кој стои зад оваа експлозија . Можно е и да станува збоз за стара мина“ – изјави портпаролот на абвганистанското министерство за внатрешни работи Земараи Башари

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле потврди дека во нападот во Авганистан биле убиени тројца соработници на сојузната агенција за борба против криминалот, кои работеле во обезбедување на германската амбасада во Кабул.

Владиниот Кабинет на канцеларката Меркел и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во одвоени изјави излазија длабоко жалење и ужаснатост поради смртта на тројцата Германци . Штајнмаер притоа побара најбрзо можно пронаоѓање и казнување на извршителите . Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг пак порача дека германските војници и натаму ќе си ги извршуваат своите задачи за подршка на стабилноста и мирниот развој на Авганистан . „ Подмолниот напад покажува колку е неопходно , да се продолжи со борбата против тероризмот во Авганистан“- дополни Јунг.

Инаку Портперол на талибанските бунтовници во Авганистан ја презеде одговорноста за нападот.

Пред само три месеци во Авганистан загинаа тројца германски војници. Тие беа жртва на самоубиствениот бомбашки напад кој на 19 мај беше изведен на пазар во градот Кундус. Во тој атентат загинаа вкупно 11 лица , а уште петмина војници на Бундесверот и 16 Авганистанци беа повредени.

Во Авганистан од другастрана речиси четири недели во заложништво се наоѓа германскиот градежен инжинер Рудолф Блехшмит .