1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тројката разговара со српската делегација, средбата со приштинскиот тим заврши

*

Преговарачката тројка на Контакт групата за Косово пред еден час во Виена ги започна разговорите со белградската делегација. Претпладнево тие се сретнаа со делегацијата од Приштина. Косовскиот тим, по разговорите, е уверен дека поделба на Косово е отфрлена како опција, а планот на Ахтисари не би бил основа за идни преговори. Во платформата на приштинскиот тим која и ја преставија на Тројката стои дека Србија и Косово треба да бидат две „еднакви, независни и суверени држави“. Претставникот на ЕУ, Волфганг Ишингер е оптимист околу резултатите од денешните разгвори. Мандатот на тројката предвидува до 10 декември да биде поднесен извештај до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.