1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Тројката испорачала позитивен извештај за Грција

Извештајот на меѓународната Тројка донатори е доставен, изјави денеска шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер најавувајќи дека основниот тон е позитивен.

Откако во Грција беше одобрен буџетот, кој предивидува нови кратења се’ поизвесна станува следната транша помош за земјата. Исто така и веќе одамна очекуваниот извештај на донаторската Тројка за состојбата со реформите и буџетот во меѓувреме е доставен, изјави шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер денеска во Брисел. „Основниот тон на извештајот на Тројката е позитивен, бидејќи Грците навистина испорачаа“.

Сега на потег се донаторите на кризната држава, но потребни се некои дополнителни гаранции во однос на издржаноста на задолжувањето и финансирањето, подвлече Јункер. Тој притоа укажа на тоа дека програмата помош од 130 милијарди евра од пролетта, излезе од границите, така што огромните долгови растат понатаму, и покрај тоа што од 2013 година всушност требаше да се намалуваат.

Symbolbild Griechen bekommen Zeit und Geld

Без финансиска помош Грција ќе банкротира

Премиерот на Луксембург потврди дека на средбата на министрите од еврогрупата на дневен ред не е донесување конечна одлука за наредната исплата на кредитот од 31,5 милијарди евра. „Има и парламентарни процедури, кои треба да се почитуваат, не само во Германија“. Терминот за наредната седница не е утврден, но Јункер посакува одлуката да биде донесена пред вонредниот самит на ЕУ на 22 и 23 ноември. Без нова финансиска инјекција Атина наскоро би банкротирала.

Портпаролот на комесарот за монетарна политика Оли Рен, ја поздрави одлуката на грчкиот парламент да го усвои буџетот.„ Ваквиот резултат значи исполнување на уште еден клучен услов, за да се се приближиме до исплаќањето на наредната транша од програмата за помош за Грција“, изјави тој.

Шефот на еврогрупата Јункер пак резимираше: „Она што грчкиот парламент  абициозно го усвои во однос на реформаската програма како и усвојувањето на буџетот, речиси целосно се совпаѓа со нашата листа со желби“, изјави Јункер и најави дека детално ќе биде разгледан извештајот на Тројката кој бил доставен доцна синоќа.