1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

“Тројката“ за Косово доаѓа за да потсети

Процесот за наоѓање конечно решение на идниот статус на Косово влегува во нова фаза.

default

Волфганг Ишингер

Т.н преговарачка “тројка” за идниот статус на Косово денеска треба да пристигне во Белград на разговори за највисоките претставници на Србија, а веднаш потоа заминува во Приштина. По вчерашниот прв состанок со Контакт групата за Косово во Лондон ,“тројката” заминува во регионот со цврста намера да ги потсети двете страни дека успехот на новите преговори за статусот на Косово ќе биде нивни успех – истакна во интервју за ДВ, претставникот на ЕУ во тројката , германскиот дипломат Волфганг Ишингер. Ишингер кој денеска заедно со неговите колеги до “тројката” , претставникот на САД Френк Визнер и на Русија , Александар Боцан Харченко ќе се сретне со српскиот претседател Тадќ и премиерот Воислав Коштуница вчерашната средба во Лондон ја оцени како добар почеток на “тешката” мисија која претстои.

“Првата средба на тројката, мина многу добро . Мисијата на “тројката” доби целосна подршка од секоја поединечна членка на Контакт групата. Верувам дека постигнавме добра согласност за тоа како да ја спроведуваме оваа мисија и и пријдовме со оптимизам. Значи мислам дека ова беше добар почеток”, оценува Ишингер.

Во Лондон немало нови предлози

Состанокот во Лондон беше одржан на ниво на политички директори на земјите членки на Контакт групата. На него, според Ишингер, не биле изнесени нови предлози за Косово, бидејќи на преговарачката маса сеуште се наоѓа планот на посредникот на ОН, Марти Ахтисари. Германскиот дипломат, во интервју за Дојче Веле, истакна дека основна цел на "тројката” е олеснување на процесот на изнаоѓање решение за статусот на Косово, прифатливо за двете страни:

„Она што сум подготвен да го споделам со вас е филозофијата , пристапот кој се согласивме дека ќе го преземеме. Се согласивме дека целта на мисијата на “тројката” е да го потпомогне постигнувањето договор меѓу двете страни , Белград и Приштина. И се согласивме дека доколку има успех во нивните преговори , тоа ќе биде успех за Белград и за Приштина. Истотака се согласивме и дека ако има неуспех , тоа ќе биде неуспех на Белград и на Приштина. Со други зборови нашата мисија ја дефинираме како нудење можност на двете страни да го постигнат најдобриот исход , кој всушност е решение за иднината на Косово добиено преку преговори. Секој друг исход не би бил најдобриот исход, бидејќи според мое мислење и според мислењето на “тројката”, не би бил во интерес на двете страни. Значи ние ќе одиме во регионот со цврста намера да ги потсетиме двете старни дека успехот на оваа мисија ќе биде нивни успех и во нивни интерес Тоа значи нема да биде толку наш успех, туку нивни успех или неуспех„ , истакна Ишингер .

Во Белград доаѓањето на преговарачката “тројка” за Косово не го сметаат како почеток на нов преговарачки процес, туку како можност да се утврдат јасни правила и форми на преговарање . По Белград , “тројката” ќе отпатува во Приштина, каде што косовскиот преговарачки тим како што најави ќе и претстави детален предлог план за претстојните нови преговори за статусот на покраината.