1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Тројката во Грција - повторно протести и штрајкови

Грчките службеници најавија нов штрајк поради политиката на штедење во земјата. Освен тоа, се очекува и штрајк на контролорите на летање. Штрајковите се поклопуваат со новите контроли од страна на Тројката.

Експертите на таканаречената Тројка (ЕУ, ММФ, ЕЦБ) денеска (05.11) во Грција почнаа со контрола на грчките раформски напори. Од резултатите на проверката зависи дали Грција ќе добие нова транша помош во висина од една милијарда евра. Грчкиот премиер Андонис Самарас исклучи можност за натамошни кратења на платите и пензиите. Тој вчеравечер за грчката телевизија рече дека кратење „нема да има“.

Инвеститорите бараат од Атина натамошни мерки на штедење поради проценките дека во буџетот за наредната година ќе се јави дупка од 2,5 до 2,9 милијарди евра.

EU-Gipfel in Brüssel Antonis Samaras 24.10.2013

Андонис Самарас најавува дека нема да има кратења на плати и пензии

Атина пак, проценува дека дупката ќе изнесува само 500 милиони евра и вели дека тие пари може да се добијат од поефикасно собирање на даноците и други реформи. Владата стравува дека ќе има нови протести ширум земјата доколку повторно има кратења на плати и пензии.

За утре, 24-часовен штрајк веќе најавија грчките службеници. Затворени ќе останат министерствата, училиштата и музеите. Освен тоа, се очекува и отпаѓање на летови, со оглед на тоа што неколку часа во штрајк ќе стапат контролорите на летање.