1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тројката во Белград

*

Претставниците на меѓународната тројка за Косово денеска се на разговори во Белград. На средбата со српскиот премиер Воислав Коштуница и претседателот Борис Тадиќ ќе се разгледаат деталите околу престојните преговори за иднината на Косово во наредните четири месеци. По вчерашниот состанок на Тројката со Контакт групата во Лондон, претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер за Дојче Веле изјави дека им претстои тешка мисија, и дека за успехот или неуспехот на посредничката мисија за Косово ќе бидат одговорни раководствата во Белград и Приштина. По Белград тројката ќе го посети Косово.