1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Трошка надеж за грчкиот буџет

Грчката влада напредува во санацијата на државните финансии. Според наводи на државниот секретар за финансии Христос Стаикурас, во првата половина од 2013. е забележан суфицит во т.н. примарен буџет од 2,6 милијарди евра

Првичното планирање предвидуваше суфицит во примарниот буџет од 3,1 милијарда евра. Во примарниот буџет не се земаат предвид буџетите на општините, регионите и социјалните осигурувања, како и каматите. Причина за суфицитот се помалите издатоци - тие се паднати за 10 проценти и сега изнесуваат 25,1 милијарда евра. Повисоките субвенции од страна на ЕУ исто така придонесоа за позитивен биланс. Освен тоа, Атина во моментов ги плаќа само важните сметки.

Кон сето тоа треба да се додаде префрлањето на 1,5 милијарди евра од централните банки на земјите во еврозоната. Тие заработија пари од продажба на грчки обврзници и, согласно договореното со меѓународната програма за помош, добивката и‘ ја префрлија на Атина. Поради тешката рецесија, се‘ уште не можат целосно да се соберат парите од даноци. Досега од даноци се влеале 1,5 милијарди евра помалку од предвиденото.

Грција од 2008 година е во длабока рецесија и од 2010 година е упатена на меѓународна помош. Европската комисија за 2013 година предвиде пад на економијата од 4,2 проценти. Во 2012 година економијата забележа пад од 6,4%, а во 2011-та од 7,1%. За 2014 година се предвидува благ пораст од 0,6 проценти.