1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тролови - монструми на интернет

Тие се суштества од скандинавската митологија. Чудовишта, кои во приказните и легендите предизвикуваат секакви штети. Но, истите постојат и во виртурлната реалност. Тоа се интернет- троловите.

Нив ги има насекаде, аноними се и најчесто злобни. Предизвикуваат проблеми низ социјалните мрежи, форумите, ги саботираат блоговите. Целта им е да ја попречат комуникацијата на интернет. Дури некои од нив ги навредуваат учесниците во дискусиите или пак објавуваат расистички пароли. Троловите како се да знаат подобро, се жалат, нервираат, додеваат... Некои се стручњаци, други сакаат само да ја уништат дискусијата. Тролањето некогаш може да е намерно, или во афект- кога ќе се возбудат за некоја тема.

Не ви треба долго време за да ги најдете. Посебен вид се некои од фудбалските навивачи на Фејсбук. Овие интернет- хулигани се нарекуваат себе си навивачи, но не го кријат своето лошо расположение ако нивната екипа одиграла лошо. Овој пример може да се следи на страницата на фудбалски второлигашки клуб Келн: „Неспособни!“, „Дебили!“, „Губитници“, и: „Кртени, ви благодариме што ни ја уништивте неделата!“ Така, особено по пораз, и другите корисници можат да видат со колкава брзина се шират и како се влошуваат коментарите.

Тешко се поднесува

Screenshot der Seite Hatr.org

Интернет страницата: Hatr.org

Уште полоши работи можат да се пронајдат на страната hatr.org. На неа се наоѓа список од многу злобни коментари- тролови, кои секојдневно можат да се пронајдат на страниците со општествено-политичка содржина. Блоговите со антирасистички, феминистички и хомофобични содржини- се најпопуларни. Таму се споменуваат зборови за кои во „нормалниот“ живот би не тужеле. Може да се најде се’, од сексуално понижувачки пцовки, преку екстремно насилен говор и замислувања за мачење, до славење на Аушвиц. Тоа е како „куќата на стравот и ужасот“, полна со луѓе кои би можело да се и вашите соседи. Hatr.org. пред отворањето на страницата предупредува дека: „Содржината може да предизвика страв и трауми. Тешко е да се поднесе. Те молиме да размислиш дали сакаш да се соочиш со тоа...“

Но hatr.org. не сака да ги претстави само „собраните дела на избезумените накази кои се желни за внимание“. „Ние сакаме на сметка на троловите безобѕирно да заработиме“, пишува на страницата. „Собраните средства сакаме да ги ставиме на располагање за добри проекти.“ Заради тоа на страната hatr.org. има реклами, а заработените средства се донираат во добротворни цели. Така буквално од сметот се прават пари. Тролање во добротворни цели? Кога троловите би го знаеле тоа...

Зборот трол, по случајност е дел и од митологијата, бидејќи на англски „trolling“ е вид на риболов кога мамецот се провлекува низ водата. Интернет- троловите исто така посакуваат да уловат нешто- тоа е вниманието. Затоа важи правилото: „Не ги хранете троловите (Don’t feed the Trolls)“. Тоа значи: не реагирајте, туку игноријате ги“.

Дали и Диоген бил трол?

Но, постојат и други начини за да се посматраат троловите. Комуникацискиот дизајнер Штефан Крапиц својот дипломски труд го посветил на тролањето. Тој верува дека тоа е неизбежен дел од општеството. „Диоген од бурето можете исто така да го гледате како трол. Живеел на плоштад во буре и понекогаш уринирал врз критичарите. Денес тролањето нуди уметнички и политички потенцијал.“ Тролање како уметност? Крапиц смета дека е сосема возможно, ако се изостави навистина грозниот говор на омраза и мобингот преку интернетот. Тој вели дека: „Добар трол не е забавен само за себе, туку и за многу други луѓе.“

***Screenshot darf nur in Zusammenhang mit einer Berichterstattung über die App verwendet werden*** Screenshot der Handy App SMS faces: Mit der app kann man jedes Foto verfremden. Hier wurde das so genannte trollface verwendet.

Апликација

Петар С. на Фејсбук секогаш ги коментира фудбалските и телевизиските случувања со злобни реченици. Без разлика дали се работи за натпревар на Фортуна Диселдорф („На стадионот има немири и барањата да се вратат парите: а шампањот е претопол“) или за новата верзија на популарното германско шоу „Wetten dass“ („Коњите можеме да ги еутаназираме. За жал, ТВ шоута неможат да ‘ржат). Тој не поштедува никого, а неговите реченици, а секогаш напишани со злобна насмевка, собираат бројни лајкови и ги забавуваат читателите.

Трол- култура

Може ли троловите и културата да се споменат во иста реченица? Можат. Затоа што, и да се злонамерни или смешни- сепак се тролови, и како и сите останати работи дел од интернетот. Интернетот е слободен и не прави разлика меѓу доброто и злото. Тоа им останува на корисниците. Она што го прави тролањето култура е создавањето на сопствен јазик, за одредена сцена, кој константно се обновува.

Така настануваат многу супкултури. Таканаречениот тролфејс (trollface) прво кружеше по помалку познатите страници, па после и по 4Chan, место на кое се собираат сите видови на интернет- фрикови. Сега „trollface“ е достапен и како апликација за мобилни телефони преку која може да се менуваат и слики. Исто така позната е и „regecomics“- кратки стрипови со приказни кои никогаш не завршуваат позитивно, туку со гласно „ФФФФУУУУЈЈЈЈ“. Со оргомна брзина по мрежата се шират искривени слики на мачки под кои се додаваат чудни коментари. Тоа уште се нарекува: меме. Зад скоро секое стои код- порака која се обраќа на специфичната група. Можете да сфатите ама и неморате. Многу работи се превземаат и пренесуваат едноставно затоа што изгледаат смешно.

Помалку смешните тролови, оние кои кај луѓето предизвикуваат штета и нанесуваат бол, не може да се тргант од интернетот. Меѓутоа голем број од добро посетените форуми и блогови имаат мерки на безбедност. Постовите пред објавување се контролираат од уредувачите, но сепак се случува некој злобен коментар да се провлече.