1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Троен Самит во Вашингтон

САД им ветија на Пакистан и Авганистан засилена подршка во борбата против тероризмот. По тројниот Самит претседателите порачаа дека ќе стојат рамо до рамо во борбата против заканата од талибанските бунтовници и Ал Каеда.

default

Претседателите на САД, Авганистан и Пакистан

„Нашата стратегија ја отсликува фундаменталната вистина. Безбедноста на Пакистан, Авганистан и на САД е поврзана“, изјави американскиот претседател Барак Обама по тројниот Самит во Вашингтон со претседателите на Авганистан и на Пакистан, Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари. Тој притоа најави дека борбата за уништување на Талибанците и Ал Каеда мора да продолжи: „Има уште многу да се направи. Бунтовниците често се движат слободно во пограничниот регион и ние мора заеднички да работиме со обновено чуство за партнерство, да разменуваме разузнувачки информации да ги координираме нашите напори и да го совладаме нашиот заеднички непријател рече Обама.

Тој истакна дека е задоволен што двајцата претседатели се потполно свесни за опасноста со која се соочени и тоа што се решени да и` се спротивстават.

Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари го потврдија тоа: „Би побарал од браќата и сестрите во Пакистан да сметаат на нас во најдобра можна смисла дека Авганистан ќе соработува за да се обезбеди мир и просперитет во двете земји“, рече авганистанскиот претседател Карзаи.

Слична порака и неговиот пакистански колега Асиф Али Зардари: „Пакистанската демократија ќе ги казни терористите, ќе ги победи преку нашата заедничка борба. И тука јас мојот пријател претседателот Карзаи и САД уверуваме дека ќе стоиме рамо до рамо во борбата против овој рак, против оваа закана.“

Автор: СН/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM