1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Тробој на врвот на табелата

Констелацијата по првото коло од пролетниот дел во Бундеслигата ветува неизвесна трка за титулата. Три екипи со ист број бодови на чело на табелата по 18-то коло имало последен пат пред 21 година.

default

Борусија Дортмунд го шампионски го започна пролетниот дел од сезоната

Целосна неизвесност во најтесната трка за титулата по цели две децении, тробој на врвот на табелата и среде неа Борусија Дортмунд во шампионска форма. „ Во нападот игравме толку брзо, така што морав уште еднаш акциите да ги гледам на телевизија“, задоволно коментираше Јирген Клоп тренерот на актуелниот шампион по победата на гости против Хамбургер од 5:1.

Накусо кажано, Борусија Дортмунд до извонредна игра ја оствари највисоката победа на гостински терен по цели 16 години (во сезоната 1995/96 славеше против Штудгарт со 5:0) и ја продолжи серијата сега со 12 меча без пораз, испраќајќи со тоа јасен сигнал до конкуренцијата.

Само четири голови разлика ја делат Борусија од првопласираниот Бајерн Минхен, а жoлто-црните имаат предност од 9 голови од третопласираната екипа на Шалке, која има ист број бодови. Со само бод заостанување на табелата следува Борусија од Менхенгладбах.

Fußball 1. Bundesliga Saison 2011 2012 18. Spieltag Borussia Mönchengladbach gegen FC Bayern München Stadion im Borussia-Park Moenchengladbach

Сцена од мечот Борусија Менхенгладбах- Бајерн 3:1

„Никој не смее да си дозволи грешка“

Три екипи по 18 одиграни кола на врвот на табелата со ист бодови имало последен пат во сезоната 1990/91. Тогаш како и сега навивачите се радуваат на тесна трка за титулата. „Предноста на тоа е што секој сега знае дека повеќе не може да си дозволи грешки“, изјави легендата на германскиот фудбал Франц „Кајзер“ Бекенбауер.

Најголемотo изненадување на колото беше убедливата победа на Борусија Менхенгладбах против Бајерн од Минхен со 3:1. Со тоа Борусија оваа сезона успеа двапати да го победи Бајерн.

По слабата игра капитенот на Бајерн, Филип Лам се обиде преку изјави за медиумите да даде посветли прогноза зе неговиот тим: „Не верувам дела Шалке или Менхегладбах ќе успеат, иако Борусија веќе освои шест бодови против нас. Сметам дека ние и Дортмунд оставаме најстабилен впечаток, без оглед на нашиот старт во пролетниот дел од сезоната“, изјави Лам за магазинот „Кикер“.

Останатите натпревари од 18-то коло во Бундеслигата завршија со следниве резултати: Хофенхајм – Хановер 0:0, Шалке – Штутгарт 3:1, Волфсбург – Келн 1:0, Фрајбург – Аугсбург 1:0, Нирнберг – Херта 2:0, Кајзерслаутерн - Вердер 0:0  и бејер Лееверкузен- Мајнц 3:2.

Автор: СН/ сид/ дпа

Редактор: Александра Трајковска