1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Трка со санки во Гармиш-Партенкирхен

Санките „со рогови“ селаните порано ги користеле само за транспорт, на сено или дрва на пример, а денес со нив се возат возбудливи трки во Баварија. Што е најважно за да се стигне на целта?

default

При трките со санки во Гармиш Партенкирхен нема кој не се превртел. Санките кои порано биле средство за работа и транспорт на селаните, денес служат само за спортско уживање.

„Некои удрија во страничните заштитни огради. Изглeдаше прилично опасно“, вели една гледачка, а друга додава: „Можеа да скршат рака.“

На патеката од околу еден километар се вози со брзина до сто километри на час и на целта се стигнува за минута и пол.

Претходниот ден патеката се рамни, се очекуваат илјадници посетители. На почетната манифестација вечерта пред трката многумина се собираат во центарот на Гармиш Партенкирхен. Возбудувањето расте.

Тимовите мора сами да ги искачат санките со шини кои се извртени како рогови, исто како што некогаш тоа го правеле селаните кои со вакви санки носеле сено во долината.

Flash-Galerie Skigebiete Deutschland NEU

Женски тим пристигнат од покраината Тирингија се релаксира на сонце пред стартот. Жените се согласни за тоа која треба да им биде тактиката.

„... сакаме да победиме!“

„Најважно е да се држиш добро и да се држиме една со друга црвсто, за да не се падне до санката. Најважно е четирите да стигнеме заедно на целта.“

Така зборуваат две учеснички од женскиот тим, а на прашањето од новинарот: „Од каде воопшто идејата за вакво нешто?“, одговараат:

„Така што го видовме, ни‘ се допадна и ако мажите можат тоа да го прават, жените можат и тоа како.“

Сега се бара полн ангажман. Стартот е решавачки за темпото. Се‘ од себе даваат и машките конкуренти од Баварија. Непосредно пред целта - свртување. Проблеми имаат и жените - влез во целта со пад од санката. Тоа е доволно само за четврто место. Но, да се учествува е најважно, гласи мотото.

Вечерта по трката е доделувањето на наградите во голема баварска хала со баварската химна и во баварска носија. Секој добива награда. На балот што потоа следува, се танцува до доцна во ноќта.