1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трка со времето

Пет денови по земјотресот, на Хаити и натаму владее хаотична состојба. Меѓу преживеаните владее гнев, очај, но и растечка надеж за скорешна помош. Државниот секретар Хилари Клинтон вети долгорочна американска поддршка.

default

По катастрофата, милиони луѓе се’ уште чекаат да бидат снабдени со вода, прехранбени производи и лекови. Покрај штетите во главниот град Порт-о-Пренс, земјотресот предизвика тешки последици и на југот на островската држава. Американскиот државен секретар

Haiti / Clinton / Preval / Erdbeben

Хилари Клинтон во посета на Порт-о-Пренс

Хилари Клинтон, која е првиот висок политичар, кој ја посети земјата по земјотресот, на Хаити му вети долгорочна помош: „Овде сме за да ви помогнеме,“ рече Клинтон и дополни: „Сакам да ги уверам жителите на Хаити: САД се пријател, партнер и поддржувач. Ќе работиме заедно со владата на претседателот Превал, за да помогнеме на секој можен начин. Како што кажа претседателот Обама: ќе бидеме овде денес, утре и во иднина“. Клинтон на аеродромот во Порт-о-Пренс се сретна со претседателот на Хаити Рене Превал, но не отпатува во градот, за да не ја попречува работата на хуманитарните работници.

Истовремено двајцата поранешни американски претседатели Џорџ Буш и Бил Клинтон започнаа со акцијата за собирање донации за жртвите од земјотресот. Вчера претседателот Барак Обама ги именуваше неговите претходници за координатори на донациите. „Ни престојат тешки денови“, истакна Обама по средбата во Белата куќа. Германската влада во меѓувреме ја зголеми помошта за Хаити од 1,5 милиони на 7,5 милиони евра.

Една третина од повредените мора да бидат оперирани во најкраток временски рок

Haiti / Erdbeben / Port-au-Prince

Потребна е итна медицинска помош

Досега се’ уште не е утврден точниот број на загинати и повредени од земјотресот. Медицинарите од хуманитарната организација „Лекари без граници“ информираат дека работат во трка со времето. Некои од искусните соработници велат дека никогаш досега не виделе толку многу луѓе со толку тешки повреди на едно место. Според нив речиси една третина од повредените мораат да бидат оперирани во најкраток можен рок.

Денеска во Хаити е генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, а за утре е закажана седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се разговара за состојбата на Хаити.

Автор: Ане-Катрин Мелман/дпа/Александра Трајковска

DW.COM