1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Трка за трет мобилен оператор

Македонија ја отвора трката за трет мобилен оператор. Денеска објавува тендер на кој се очекува да биде избрана компанијата што ќе им конкурира на Мобимак и на Космофон. А, на граѓаните треба да им донесе пониски цени на услугите во мобилната телефонија.

default

На тендерот може да се пријават компании што имаат најмалку 2 милиони корисници и годишен приход од над 300 милиони евра. Објавувајќи ги тендерските правила, премиерот Никола Груевски рече дека владата е подготвена да ги слушне понудите на сите заинтересирани компании. “Отворени сме за сите, нема да бегаме од инвеститорите ако тие сакаат да извршат презентација пред владата“.

Новиот мобилен оператор треба да понуди најмалку 5 милиони евра за државата и да гарантира дека ќе почне да работи во рок од шест месеци откако ќе ја добие дозволата. За четири години треба да биде подготвен да услужи 90 проценти од населението. Тендерот ќе трае до 15 јануари, Груевски очекува новиот оператор да профункционира идното лето. Обврска на државата е на сите заинтересирани компании да им ги достави податоците за состојбите во оваа дејност.

“Ревизија на постојната референтна понуда за интерконекција, во која цените ќе бидат базирани на трошоци и ќе биде изработена најдоцна до 15.12.2006, период до кога тендерот сеуште е отворен и потенцијалните оператори ќе можат да ја примат, цената да биде согласно трошоците на работењето и да биде пониска од малопродажните цени“.

Македонија е последна земја во Европа што има само два мобилни оператори, поради што граѓаните плаќаат највисоки цени за услугите во мобилната телефонија. Вистинските придобивки од конкуренцијата ги очекуваат од третиот мобилен опаратор. На тендерот највисоко ќе се бодува цената на услугите што ќе ја понудат компаниите. На пред тендерскиот повик, објавен неодамна во “Фајненшл тајмс“, што се смета за опипување на пулсот на фирмите од овој бизнис, се јавија дури 13 компании.