1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Трката продолжува, скандалите исто така

78 % од Французите не веруваат во чесноста на победникот на Tour de France,но 52 проценти ја сакаат трката, обелодени анкетата на вчерашното издание на Журнали ди Диманш.

default

Во сенка на допингот

Во Првата планинска етапа во Пиренеите, се очекуваше дуелот меѓу Казахстанецот Винокуров и Данецот Расмусен. Дефинитвно Данецот е најсилен, пресилен би рекле некои. Откако ја освои жолтата маичка во Алпите, Расмусен доминира, прв во трката против хронометарот, втор вчера во Пирениете. Винокуров кој блескаше во брзото водење, загуби драгоцено време, скоро 30 минути. Ритамот на Расмусен успеа да го следи сами младиот Шпанец Алберто Контадор. Германецот Андреас Клоден, Австралиецот Кадел Еванс претставени како најсериозни ривали за победници на годинашнава трка, не го издржаа лудиот ритам на Данецот.

„Мислам дека Контадор и Расмусен се најдобри специјалисти за планинските етапи на Тур де Франс“, признава Кадел Еванс.

Расмусен води во генералниот пласман, додека Контатдор по неговата прва етапна победа на Тур де Франс се најде на второто место и ја носи белата маичка на најдобар млад веслосипедист. Трет е Еванс, додека најдобро пласиран Германец е Клоден на 6 место. Во пласманот по поени зелената маичка за најдобар спринтер ја носи Белгиецот Том Бонен, маичката со црвени точки за најдобар специјалист во планиските етапи Хуан Маурици Солер Хернандез.

Доминацијата на Расмусен внесува сомневања, тој беше исклучен од данската национална селекција по четири предупредувања, заради непочитување на процедурите за антидопинг контрола.

„За мене нема ништо ново, изненаден сум заради нејзиното обелоденување денес,“ вели Расмусен, признавајќи дека направил административна грешка.

Оваа мини афера, поврзана со одлучната борба против допингот која ја поведе Германија и прекинот на директните преноси на германската телевизија не ја спречија да продолжи трката. Околу 52% од Французите велат дека ја сакаат нивната Tour de France, иако 78% се сомневаат во чесноста на победниците на трката. Дури 80% од испитаниците на Журнал ди Диманш се залагаат за поголема борба против допингот во велосипедизмот.


Некои од партнерите на Тур де Франс, размислуваат да се разделат од велозипедизмот заради бројните афери, но тие се малубројни.

„Овој спорт има иднина, Мислам дека борбата која е ангажирана е добра.“ Тврди Лоран Лашод од сервисот маркентинг на Тур де Франс.

Скандалите со редовните позитивни допинг тестови изгледа не тежат многу наспроти ефектот од маркетингот.

Публиката исто така е бројна, скептиците немаат место покрај патот.

„За Допингот не ни е гајле. Не знаеме дали сите се чисти, но трката не интересира!“