1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Три услови за соработка

На почетокот од нејзината посета на Блсикиот исток, германската канцеларка Ангела Меркел на палестинскиот Хамас му постави три услови за можна соработка: радикално-исламистичкото движење мора да го признае правото на постење на Израел, да се откаже од насилство и да ги прифати досегашаните договори во мировниот процес.

Меркел и Олмерт на почетокот од разговорите во Ерусалим

Меркел и Олмерт на почетокот од разговорите во Ерусалим

Најважна тема на разговорите Меркел – Олмерт беше победата на Хамас на палетсинските парламентарнин избори во минатата среда. Соработка со Хамас е можна само ако таа ги испилни следниве три услови, рече Меркел:

„Прво, да го признае постоењето на Изарел. Второ, јасно да прифати дека не доаѓа предвид употреба на сила, значи да се откаже од насилство. И трето, да ги прфати досега постигнатите чекори во мировниот процес„.

На прашањето дали сојузната влада сега има директни контаки со Хамас, Меркел категорично одговори - не. На влада што ќе ја води Хамас нема да и се одобрува никаква финансиска помош се додека не ги исполни спомнатите услови. Европската унија ги помага автономните власти со 500 милиони евра годишно. Олмерт подвлече дека и Израел ќе ги прекине договорените префрлувања за автономните валсти во случај Хамас да не се откаже од насилство и не го признае постоењето на Израел. „Немаме намера да даваме пари за терористи„, изјави Олмерт.

Втората важна тема беше иранската атомска програма. И за ова меѓу двајцата соговорници владее единство. Ангела Меркел изјави:

„Јасно соопштив дека Иран не е закана само за Израел, туку дека Иран претставува закана за демократските држави на планетава и затоа имаме заедничка задача на Иран јасно да му соопштиме дека ја пречекори црвената линија што ние не го прифаќаме„.

Во посебно остра форма Меркел ги осуди антисемитските испади на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој Холкаустот го оцени како мит и побара преселување на Израел во Европа. Со оглед на германската историја, ваквите изјави се целосно неприфатливи, изјави Меркел. И покрај тесните и пријателски односи, германско-израелските врски никогаш не можат да бидат нормални, дополни Меркел. Со тоа се согласи и Олмерт кој додаде дека во обете змеји пораснаа нови генерации кон кои припаѓа и Ангела Меркел. „Прашањето е дали со сеќавањето можеме да воспоставиме нова баа и нова шанса за такво нешто никогаш веќе да не се случи„, изјави Олмерт.

Денеска канцеларката Меркел ќе се сретне со претседателот на Израел Моше Кацав, како и со претседателот на Ликуд партијата Бенјамин Нетанјаху. Потоа ќе го посети споменикот на Холокаустот Јад Вашем, а попладне патува за Рамалах каде што ќе се сретне со палестинскиот претседател Махумд Абас. Воопшто не е планирана средба со претставници на Хамас.