1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три случаи на свински грип во Германија

Свинскиот грип се шири и натаму. Бројот на починати од вирусот во Мексико се зголеми на 159. Бројот на заразени лица се зголемува и во САД и Канада, а потврдени се и три случаи на свински грип во Германија.

default

Заболен од свински грип во покраината Баварија

Мексиканскиот министер за здравство Хозе Ангел Кордова, на прес конференција соопшти дека здравствените власти во земјата сметаат оти има 2498 лица заразени со вирус на свински грип, од кои 1311 се во болница. Стравот од свински грип сосем го замре јавниот живот во Мексико. Училиштата и универзитетите се и натаму затворени, а во главниот град Мексико-сити се затворени и кината, театрите и спортските сали. Дури и парламентарците на седницата на парламентот носеа сини заштитни маски за устата и носот.

Во САД бројот на потврдени случаи на заразени со вирусот се зголеми на 66. Во сојузната држава Калифорнија, гувернерот Арнолд Шварценегер прогласи вонредна состојба, но нагласи дека нема потреба од паника. Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да даде одобрение за 1,5 милијарди долари, кои се потребни во борбата против свински грип.

Mexiko Schweinegrippe Menschen mit Schutzmasken vor einem Krankenhaus in Toluca

Мексико е најпогодено од свинскиот грип

Најавена средба на еврокомесарот за здравство со фармацевтските концерни

Прва централноамериканска земја која потврди дека има болни од свински грип е Костарика. Во Канада, пак, бројот на заразени се зголеми од осум на 13. Претходно беа потврдени информациите за заразени во Нов Зеланд, Израел, како и во земјите на ЕУ - Шпанија и Велика Британија. Освен тоа, постојат сомневања за болни лица и во Германија, Чешка, Италија, Грција, Ирска, Данска и Шведска. Еврокомесарот за здравство Андрула Василиу соопшти во Брисел дека сите земји-членки треба да ја зголемат будноста и најави средба со претставници на фармацевтските концерни. Таа се надева дека на таквата средба ќе дознае „колку долго време и‘ е потребно на индустријата за да произведе вакцина“: „Земјите-членки веќе презедоа редица мерки, кои опфаќаат информирање на јавноста, совети за туристите и зголемен надзор. Во наредните неколку денови имаме намера да донесеме заедничко упатство за да се озбезбеди усогласен пристап кон проблемот во земјите-членки“, изјави Василиу.

Во Германија, според податоци на институтот Роберт Кох, тестирани се три лица за кои постои сомневање дека се заразени со вирусот на свински грип. Две од нив се брачен пар кој неодамна се вратил од одмор во Мексико, а третото лице е девојка, која исто така била на патување во Мексико. Според последните информации, веќе се потврдени три случаи на свински грип.


Автор: ЕМФ/ЗЈ/афп/ап/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска