1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три самоубиства во базата Гвантанамо

Тројца затвореници во американскиот логор Гвантанамо на Куба извршиле самоубиство. Затворениците со облека и креветски чаршави се обесиле во своите ќелии, рече вчера претставник на американската армија. Ова се првите официјални самоубиства на затвореници, од јануари 2002 година откако, САД ја користат базата Гвантанамо.

Американскиот затвор Гвантанамо на Куба

Американскиот затвор Гвантанамо на Куба

Според американската армија досега обиди за самоубиство извршиле две дузини затвореници, а поради протест од затворските услови повеќе од 100 затвореници апочнаа генерален штајк со глад. И покрај делумно, големиот отпор принудно беа хранети од американските војници. Сега американската армија за првпат мора да пријави и самоубиства.

Командантот на логорот, адмирал Хери Харис ја информираше јавноста: „ Откако се утврди дека еден затвореник се обесил, стражата и тим лекари реагираа веднаш за да му го спасат животот но беше предоцна.“ По откривање на првиот случај, војнциите го прегледаа целиот логор и најдоа уште двајца затвореници умрени во нивните ќелии. Командатнтот Харис смета дека станува збор за организирана акција „Верувам дека ова не е чин на разочарување туку чин на водење борба против нас“ рече Харис. Имињата на жртвите Харис не ги кажа во јавноста.

Загриженост за случувањата во затворот Гвантанамо на Куба изрази и америкаснкиот претседател Џорџ Буш. Според него посмртните останки на лицата кои извршија самоубиство мора да бидат третирани со респект. Америакснкиот претседател Буш во однос на базата Гвантанамо и рече „Сакаме да го испразниме затворот и сега зразговараме со земји за репатријација на затворениците.“

Во моментов, во американската база Гвантанамо на Куба има 460 затвореници. Многумина од нив таму се наоѓаат подолго од четири години, без обвинување и без процес. Критика до војската и американската влада во последно време засилено доаѓаше од страна на владите во светот, меѓу кои и од страна на германската канцеларка Ангела Меркел како и од организаициите за човекови права. Неил Дуркин од Амнести Интернешнл повторува

„Амнести Интернешнл уште еднаш ќе каже дека Гвантанамо Беј еднаш мора да биде затворен. И повеќе од тоа на 460 те затвореници мора да им се признаат човековите права .“

Американската влада досега постоењето на затворот го оправдуваше како легитимно средство во борбата против тероризмот во светот.