1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три нови иницијативи на ЕУ за БиХ

Иако еврокомесарот Штефан Филе им препушти на институциите во БиХ сами да решаваат околу примената на пресудата Сејдиќ-Финци, во Брисел нагласуваат -никако не е крај на нивниот ангажман во корист на БиХ и граѓаните.

Во Европската комисија предупредуваат дека крајот на ангажманот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе околу имплементација на пресудата Сејдиќ-Финци не значи воопшто и симнување на ова прашање од првото место на условите неопходни за продолжување на евроинтеграциите на БиХ.

Peter Stano Pressesprecher der EK für Erweiterung und Nachbarschaftspolitik

Петер Стано

„Без имплементација на пресудата Сејдиќ-Финци БиХ не може да напредува на својот европски пат, зашто и натаму нема да може да поднесе веродостојно барање за членство во ЕУ, ниту да ја примени Спогодбата за стабилизација и асоцијација“, вели за Дојче веле портпаролот на еврокомесарот за проширување, Петер Стано.

„Спогодбата за стабилизација и асоцијација е важна за придвижување на целиот политички и економски процес меѓу потенцијалниот кандидат и ЕУ. Тоа е прв важен чекор на патот кон ЕУ и тој во случајот со БиХ не може да биде направен без примена на пресудата Сејдиќ-Финци, односно се‘ додека земјата ги крши своите меѓународни обврски“, објаснува Стано.

БиХ стои во место

По уште една неуспешна рунда преговори меѓу лидерите од БиХ и повлекувањето на Штефан Филе од местото на европски медијатор во процесот на барање решение за примената на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Сејдиќ-Финци, во Брисел се загрижени дека и така бавниот процес на евроинтеграцијата на БиХ се стане уште побавен и покомплициран.

„Тоа им го зборувавме и на политичарите од БиХ. Им велевме да се свртат и да погледнат околу себе, да видат дека сите земји од регионот напредуваат кон ЕУ, освен БиХ, која заостанува. А неможноста за примена на пресудата Сејдиќ-Финци и позицијата во која земјата ги крши своите меѓународни обврски, предисвикуваат БиХ да тапка в место“, вели Стано.

ЕК: Нашиот ангажман за БиХ и нејизните граѓани не завршува

На поставеното прашање - што ќе биде сега со евроинтеграциите на БиХ, во канцеларијата на еврокомесарот за проширување на ЕУ одговараат дека тоа е „одлично прашање на кое одговор мора да дадат политичките лидери во БиХ“.

„Еврокомесарот Штефан Филе, најавувајќи прекин на ангажманот во правец на наоѓање решение за пресудата Сејдиќ-Финци, таа работа им ја препушти да ја завршат институциите на БиХ. Кога е ЕК во прашање, ние не го завршуваме нашиот ангажман за доброто на БиХ и нејзините граѓани“, вели Стано во разговор за Дојче веле.

EU-Kommissar Stefan Füle während seines Besuchs in Armenien

Штефан Филе

Тој наведува дека во ЕК моментно разгледуваат три иницијативи за БиХ:

„Првата е поголем фокус врз подоброто управување со економијата во земјата. Таа иницијатива би требало да биде претставена следната недела во Лондон и значи дека ќе и‘ помогнеме на БиХ во пдготвувањето национална програма за економски реформи за да може подобро да одговори на нефункционалниот пазар на труд, да може подобро да ја координира економската и фискалната политика и да создаде подобри услови за работа“.

Другата иницијатива на ЕК се однесува на формирањето заедничка работна група на ЕУ и БиХ, која би ја забрзала примената на проектите кои ЕУ ги финансира во БиХ. Третата иницијатива се однесува на проширувањето на веќе постојниот Структурен дијалог во областа на правосудството. Овојпат фокусот би бил на борбата против корупцијата.