1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три лица обвинети за терористички заговор пред самитот на НАТО

Американските власти денеска (19.05) почнаа истрага за терористички активности против тројца осомничени, обвинети дека работеле на изработка на молотови коктели пред самитот на НАТО.

Тројцата осомничени се на возраст меѓу 20 и 24 години, Нивниот адвокат ги отфрла обвиненијата дека работеле на изработка на молотови коктели пред самитот на НАТО и тврди дека клиентите се во шок. Тие немаат поим од каде доаѓаат вакви обвиненија, вели адвокатот Сара Гелсомино. Тројцата се уапсени во средата (16.05) при претрес на стан во Чикаго, заедно со уште шест други лица. Останатите шестмина вчера (18.05) беа ослободени. Еден од ослободените, активист на движењето „Окупирај“, Дарин Анушек, демантира дека во станот имало молотови коктели или дека имало материјали за нивна изработка. Тој тврди и дека додека бил притворен полицијата не му кажала поради што е уапсен, не му ги прочитала правата и не му дозволила теелфонски повик.

Безбедноста во Чикаго пред утрешниот самит на НАТО е на високо ниво. За утре во градот се најавени големи демонстрации, на кои се очекуваат десетици илјади луѓе.

На самитот на Алијансата ќе учествуваат делегации од 60 земји, вклучувајќи и 50 претседатели на држави. Главни теми се Авганистан и европската антиракетна одбрана. Македонската делегација ја предводи претседателот Ѓорге Иванов. Во рамките на Самитот, македонската делегација, ќе учествува на состанокот предвиден за членките на НАТО и на земјите - учеснички во мисијата ИСАФ во Авганистан, кој ќе се одржи на 21 мај.