1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три жени се добитници на Нобеловата награда за мир

Претседателката на Либерија, Елен Џонсон-Сирлиф, либериската активистка за мир Лејма Гбови и борецот за женски права Тавакул Карман од Јемен се добитници на овогодишната Нобелова награда за мир.

default

Трите добитнички, кои рамноправно ќе ја поделат наградата дотирана со 1,1 милион евра, се наградени за нивниот ангажман за зајакнување на правата и

Friedensnobelpreis 2011

Тавакул Карман

улогата на жените, соопшти претседателот на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд. Освен тоа, според жирито, трите добитнички ја добиваат наградата и поради нивниот ангажман во изградбата на цивилно оштество во конфликтни региони. Сирлиф е прва демократски избрана претседателка во Африка. Лејма

Friedensnobelpreis 2011

Лејма Гбови

Гбови, и покрај сите етнички и верски тензии во Либерија, се ангажира за поголемо учество на жените во политиката. Тавакул Карман, пак, игра една од водечките улоги во демократското движење во Јемен.

Нобеловата награда за мир ќе биде врачена на 10 декември. Таа се доделува во Осло од 1901 година. Меѓу добитниците на оваа награда се вбројуваат и Барак Обама, Мајка Тереза, Амнести Интернешенал и други. 

Автор: ЕМФ/дпа/ртр/кна

Редактор: Симе Недевски