1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Три дена тропски горештини во Македонија

Територијата на Македонија во наредните три дена ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, која ќе услови многу топло време со температури до 40 степени.

default

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги советува граѓаните, а особено хронично болните, да не излегуваат до периодот од 10 до 17 часот.

Владата на Република Македонија апелира до работодавачите да ги ослободат од работни обврски во наредните денови бремените жени и вработените постари од 60 години, а градежните работници и они што работат на отворено да не се ангажираат во периодот од 11-16 часот.

Автор: СН/ТТ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски