1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Три години по 11 септември:во дипломатијата, зборовите се дела,но не и во политиката

Коментар на Миодраг Сорич

default

Америка е нација во војна,повторува постојано американскиот претседател Џорџ Буш.Всушност,преостанатата супер сила три години по нападите од 11 септември се препушта себеси како вистински предводник.Таа е ранлива како никогаш досега во нејзината историја:во Ирак паднаа веќе илјада нејзини војници,во Авганистан борбите продолжуваат и Америка и натаму дава аларми против теророт.

Стопроцентна заштита против него нема.Уште повеќе што него го водат фанатици и групи кои се поврзани во светска мрежа.Тоа е опасна мешавина од омраза и отпор против сопствените корумпирани режими и истовремено против западот,кој ги поддржува овие режими.А политиката на западот нивната култура и религија ги негира.

Иако ова видување не е ново,ново е само колку често се напаѓа,Американците постојано се прашуваат откаде толкава омраза.И притоа превидуваат дека тие самите придонесуваат за неа,со поддршката на диктатурите во третиот свет и со недостатокот интерес за развојот и интересите во светот.Доволен е само еден поглед во ноќните вести на американската телевизија за да се заклучи дека речиси нема меѓународни теми.Американската јавност си е доволна самата себеси и да ја прикаже својата слика на остатокот на светот,друго ништо не ја потресува.

Ниту Европа не е поштедена,погледот на Америка кон неа значи:Британците се на страната на Вашингтон,Французите притив САД.На оваа ментална земјина карта на Американците,Германците се наоѓаат меѓу Британија и Франција.Тоа што мнозинството западни Европејци не стојат зад Буш во ирачката војна како во времето на студената војна без –ама- и –но-,ја разочара американската администрација и остави траги.Тука спаѓа и НАТО,иако и тој е ангажиран во борбата против тероризмот,иако критичарите на ирачката војна соработуваат со Американците во борбата против тероризмот,и иако ирачката војна се посматра само како дел од таа борба.

Три години по единаесетти деветти останува цврсто:тоа беше историски настан со историски размери,пресвртница.Светската политика драматично се смени.Петнаесет години по крајот на студената војна,се заканува нова поделба на светот,предизвикана од САД,преку рискантната формула:кој не е со нас,тој е против нас.Колку е веродостојна политиката на САД која од една страна се залага за демократија и човекови права,а од друга страна е тесно поврзана со диктатури?И колку долго можат САД да служат како пример во светот,ако самите ги повредуваат целите за кои наводно се борат?Да се потсетиме само на Гвантанамо и на Абу Гариб.

Изминатите три години на борбата против тероризмот светот не стана посигурен.Спротивно.Талибанците повторно креваат глава во Авганистан.Бил Ладен сеуште е на слобода.Неговите приврзеници се се побројни ,па и во Ирак.Таму пак ситуацијата е се само не стабилна и покрај сите американски ветувања и надежи.Истото важи и за Блискиот исток.Палестинците и Израелците се борат без крај.Американската влада инаку добро знае колку би бил важен праведен мир на Блискиот исток за исламскиот свет.Но,Вашингтон сепак останува неактивен и речиси секогаш го протежира Израел.Иако со тоа неговата политика станува непринципиелна.

Бушовото ветување за демократизација на арапскиот свет наиде на недоверба.Надворешнополитичкиот курс на САД го оттурна овој план.Иако постоеја надежи,денеска има само разочарување.Во дипломатијата зборовите се дела,но во политиката овие правила не треба да важат.Таму зборовите треба да бидат зборови по кои ќе следат вистински дела.

Миодраг Сорич