1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Три години затвор за Тупурковски

Процесот „Тајвански кредити" доби судска завршница: Васил Тупурковски и Јован Андонов добија три односно, две години затвор за злоупотреба на 170 милиони денари.

default

Васил Тупурковски

Поранешниот лидер на партијата Демократска алтернатива и заменик премиер во владата на Љупчо Георгиевски, Васил Тупурковски, и Јован Андонов се осудени за злоупотреба на кредитите од Тајван. Тие во 1999 година, Тупурковски како директор, а Андонов како негов заменик во Агенцијата за обнова и развој, потпишале штетни договори со неколку компании, на кои им дале кредит од околу три милиони долари без гаранција.
Кривичниот суд во Скопје ги задолжи Тупурковски и Андонов да ги вратат средствата. Судскиот процес траеше скоро една година. Уште од стартот на судењето Тупурковски тврдеше дека е жртва на политички структури со криминални досиеја.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска