1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Три години затвор за Пуси Рајот?

Во оспоруваниот московски процес против панк бендот Пуси Рајот, државното обвинителство побара по три години затвор за обвинетите девојки, поради непочитување на општествените норми и религиозна омраза.

Музичарките свесно ги повредиле чувствата на верниците, изјави државниот обвинител денеска пред судот во Москва. Тој смета дека вината на трите обвинети била докажана. Музичарките едно минутната панк-молитва во московската катедрала, против тогашниот премиер Владимир Путин и партијархот Кирил, ја карактаризираат како политичка акција.

„Ова дело е тешко и обвинителството смета дека корекцијата е единствено можна со изолација од општеството“, рече обвинителот пред судот додавајќи: „Употребата на погрдни зборови во црква е злоупотреба на Господ“.

Заштитниците на човековите права и независните правници, како и руската опозиција, сметаат дека ова е без пример правен скандал во поновата историја на земјата. Амнести интернешнл смета дека музичарките се политички затвореници. Арија Алјокина (24), Надежда Толоконикова (22) и Екатерина Самучевич (29) можат да се соочат со максимална казна затвор од седум години, поради екцесот пред олтарот на главната московска катедрала, кога девојките на 21. февруари ја изведоа својата „панк молитва“, повикувајќи ја Богородица да го отстрани Владимир Путин од Русија.